Македонија
АВМУ: МФ нема префрлено пари на изборната сметка

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги(АВМУ) во среда достави допис до Министерството за финансии бидејќи не им префрлило пари на изборната сметка на Агенцијата.
„Бидејќи согласно последните измени во Изборниот законик, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги има активности 100 дена пред одржувањето на Предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември 2016-та година, неисполнувањето на обврските од страна на Министерството за финансии претставува прекршување на Договорот потпишан помеѓу четирите политички партии“, се вели во соопштението од Агенцијата, при што се додава дека директно е загрозено функционирањето на ова тело.Од Агенцијата уште додаваат дека за ова ги информирале четирите политички партии потписнички на договорот, Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДОМ повика зелената транзиција да биде составен дел од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

По повод посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Обединетото Кралство и потпишувањето на Заедничката декларација за стратешко партнерство, Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поздравува продлабочената соработка меѓу двете земји, особено во делот на економијата, безбедноста и борбата против корупцијата.
Истовремено, Зелената партија ДОМ упатува јавно барање до Владата финансиската рамка од 6 милијарди евра обезбедена во партнерство со UK Export Finance (UKEF) да се интегрираат и приоритетите од стратегијата за одржливост на Велика Британија (UKEF Sustainability Strategy 2024–2029) кои се потенцијален дел од инфраструктурните инвестиции.
Во таа насока, бараат:
– Дел од средствата да се определат за инвестиции во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, модернизирање на дистрибутивната мрежа на електрична енергија и децентрализирани енергетски системи.
– Да се поттикнуваат проекти за климатска адаптација и зголемена отпорност на локалните заедници кон екстремни временски услови.
– Да се вложува во зелени и циркуларни бизниси, како и во инклузивна економија што создава можности за младите, жените и локалните иноватори.
– Да се гарантира поголемо учество на локалните компании и зелените иноватори во проектите поддржани од британскиот финансиски механизам.
Од ДОМ велат дека со вклучување на одредбите од „Sustainability Strategy“ на Обединетото Кралство, ќе се испрати силна порака дека Македонија ја прифаќа визијата за праведна транзиција, заштита на природата и економски развој кој остава вредност и за идните генерации. Нашата татковина и нашите сограѓан(к)и немаат веќе толеранција за импровизации: инвестициите во инфраструктурата ќе бидат залудни доколку не ја зачуваме животната средина и не создадеме еколошки чиста држава.
Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )