Македонија
АВРМ: Шилегов објавува податоци кои немаат врска со реалноста
Во изминатите неколку дена Агенцијата даваше конкретни појаснувања во однос на Ревизорскиот извештај објавен од страна на Државниот завод за ревизија, но секој наш одговор беше дополнително искористуван за погрешно толкување, изменување на фактите и пласирање спинувани информации со намера да се наметне погрешно мислење во јавноста, реагираа во саботата од Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) на прес-кофнеренцијата на портпаролот на опозициската СДСМ, Петре Шилегов, кој тврдеше дека Ревизорскиот извештај укажува дека во самата институција работат лица кои не се пријавени/
Од Агенцијата за вработување на Република Македонија велат дека во последниот период се соочуваат со постојани смислени напади од неколку портали и медиуми блиски до опозицијата, со цел да се наруши угледот на институцијата, да се маргинализираат проектите што успешно ги спроведува и резултатите кои се постигнуваат и кои се видливи преку намалување на стапката на невработеност. А тоа сторил во саботата и Шилегов, кој според нив на прес-конференцијата објавил податоци кои „немаат врска со реалноста“.
Агенцијата за вработување важи за институција која постигнува признати резултати во својата работа и ја соочинуваат професионалци кои одговорно и посветено ги извршуваат своите работни задачи, почитувајќи ја постојната законска регулатива. Од 2007 година успешно ги спроведува Оперативните планови на активни програми и мерки за вработување, кои резултираат со повеќе од 40 илјади вработувања. Само во 2016 година реализираме 27 активни мерки за вработување, се вели во дописот.
„Нашите резултати се очигледни и бележат раст во посредувањето на вработувањето и бројот на новоотворени работни места спроведувајќи ги политиките за вработување на Владата на Република Македонија. Само преку проектот Македонија вработува и поволностите за вработување на млади лица, во изминативе две години реализирани се повеќе 27 илјади вработувања.
Постојаните напади врз Агенцијата во овој период нема да нé поколебаат и натаму да ги реализираме своите програмски цели, да излегуваме во пресрет на потребите на невработените лица и работодавачите и да продолжиме со посветена работа која ќе го зголемува угледот на нашата институција“, се вели во писмената реакција./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

