Македонија
Беса: Кривична одговорност за правните лица што потфрлија во непогодата
Јавниот обвинител на Република Македонија, да покрене истрага за идентификување на кривичната одговорност на правните лица, кои со својата пасивност дозволиле една ваква непогода, бараат од движењето Беса.
„Од градоначалниците на Арачиново и Гази Баба, градоначалникот на Град Скопје (кој претходно бил и градоначалник на Гази Баба), до министерот за Животна средина и просторно планирање, па и понатаму до актуелниот премиер, како и сега фактичкиот, а бивш премиер, има неколку референтни лица кои треба да сносат кривична одговорност за оваа катастрофа“, велат од Беса.Тие побараа градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, градоначалникот на општина Арачиново, Брахим Ајвази, и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, да приложат оставки во знак на политичка и морална одговорност, бидејќи не успеале да менаџираат со соодветната инфраструктура. Според нив, од политички и морален аспект, треба да даде оставка и министерот за Животна средина и просторно планирање, Башким Ахмети, бидејќи тој го покрива ресорот за превенција на ваквите катастрофи. „Нормално би било политичка одговорност да сноси и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој десетина пати собрал гласови низ тој регион, притоа ветувајќи канализации и водоводи, а никогаш не ги исполнил таквите ветувања“, порачуваат од Беса.Движењето Беса ги смета за непристојни театралните сцени во кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ престојува во посета на Хасанбег, придружуван од своите активисти од ДУИ, додека тие заедно веќе десет години гласале буџети скоро милијарда евра за проектот „Скопје 2014“ и во ниеден буџет не издвоиле средства за превенција на оваа катастрофа. „За да се спречи некоја наредна катастрофа, во која државните власти повторно би продавале демагогија и би се сликале, ја повикуваме Владата не Република Македонија на својата следна седница да издвои неопходни средства, на крајот на краиштата да поништи некој мајмунски кафез или некој коњ од скопскиот плоштад, и тие средства да се алоцираат за целосно регулирање на инфраструктурата на поплавените населби“, порачуваат од Беса. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

