Македонија
Бесплатен и слободен интернет пристап до податоци од јавен карактер
Слободен и бесплатен пристап до податоците од јавен карактер без технички или законски ограничувања, нуди новиот портал на концептот „Отворени податоци“, кој во среда беше промовиран во Министерството за информатичко општество и администрација.
Податоците од институциите се достапни на порталот пwww.otvorenipodatoci.gov.mk.
„Порталот www.opendata.gov.mk сега мигрира на www.otvorenipodatoci.gov.mk, каде институциите кои претходно ги имаа отворено податоците во отворен формат и беа линкувани до централниот сајт за отворени податоци исто така ќе бидат мигрирани на новата платформа“, соопшти министерот Иво Ивановски.
Тој соопшти дека платформата е составена од три компоненти: модул за испраќање на податоци, кој обезбедува структурирање на оригиналните податоците во соодветната институција во формат прифатлив за приказ на централното решение, модул за централизирана организација и презентација на податоците, во кој се чуваат доставените податоци во отворен формат и се достапни преку веб сервиси до заинтересираните компании кои би развивале апликации и модул за дистрибуција на податоци, преку кој се обезбедува механизам за напредна обработка, пребарување и презентација на податоците собрани од различни извори.
Со овој проект се опфатени вкупно 82 податочни сетови од 11 институции.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

