Македонија
БЈБ спречи терористички напад во Македонија
Бирото за јавна безбедност со Министерството за внатрешни работи спречи терористички акт во Македонија, соопшти во четвртокот директорот на БЈБ, Митко Чавков.
Министерството за внатрешни работи како дел од поширока регионална оперативна акција во борбата против тероризмот, на 4-ти овој месец презеде плански мерки и активности за лишување од слобода на две лица на возраст од 23 и 24 години од Скопје, за кои постојат разузнавачки информации за нивна инволвираност во подготвување на извршување на кривично дело „Тероризам“.
„Извршени се два претреса, од кои едниот во Скопје а другиот во село Арачиново, при што се пронајдени и со потврда одземени беа мобилни телефонски апарати со сим картички, фотоапарати со микро картички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, компјутерски куќишта, таблет, УСБ и разна документација. За време на извршените претреси пронајдено и обезбедено е 24-годишното лице од село Арачиново, додека второто лице е приведено на Косово“, рече Чавков.
Против лицето кое беше пронајдено и обезбедено при претресите поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ при што од страна на судија за претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.