Македонија
Блокадите на крстосниците не им се допаѓаат на скопјани
Три крстосници во централното подрачје на Скопје, во средата, речиси еден час беа блокирани од поддржувачи на граѓанското движење „Протестирам“ и на Шарената револуција, со цел да им се предочи на граѓаните како со години наназад се блокирани државните институции.
Организаторите апелираат за трпение и разбирање од граѓаните коишто напладне на кратко беа заглавени во сообраќајот во Скопје.„Шарената револуција продолжува да делува и блокадата е симболичен начин да се покаже дека ова што денеска се случува на улиците низ Скопје, истото тоа се случува во институциите во Македонија. Револтот ќе продолжиме да го изразуваме се до ултимативниот рок на 18-ти јуни. Сé уште веруваме дека постои мирен начин за решавање на кризата, меѓутоа мораме да делуваме со вакви форми за да им доловиме што се случува на сите граѓани во државата кои немале шанса да ги слушнат бомбите од лидерот на опозицијата и кои не го почувствувале притисокот од државните институции на сопствената кожа“, реч Александар Богоевски.На прашањето што по 18-ти јуни, Богоевски рече дека нема да се престане со протестирање, токму напротив, тогаш ќе настапат големи промени во Македонија.„По 18-ти, мислам дека следуваат големи промени во Република Македонија. Револуцијата нема да заврши со заминувањето на Никола Груевски од власт. Ниту ќе замине со исполнување на трите брања кои засега ги поставуваме како ултиматум. Во оваа држава треба да се направат многу промени. Законите се одлични, но мораме да почнеме да ги почитуваме. Не станува збор за избори, станува збор за криминалот кој се случува во оваа држава и за којшто граѓаните плаќаат даноци и сакаат сѐ да излезе на виделина и да видат транспарентен судски процес“, рече Богоевски.Активистите со шарени бои испишаа порака на асфалтот „Раскрстивме со вас!“ Напладне активистите на Шарената револуција и движењето „Протестирам“ блокираа три крстосници во Скопје кај Соборен храм, кај Судска палата и кај Црвен крст.Протестите главно минаа мирно, освен помал инцидент во кој моторџија упадна на блокадите и почна да ги пцуе и навредува граѓаните што протестираа. И кај Црвен крст, граѓанин на велосипед ги пцуеше собраните што ги блокираа крстосниците и им порача да си одат дома, но тој не застана туку продолжи по улицата.Крстосниците беа блокирани со возила на активистите, но и на истакнати членови на опозициската СДСМ, кои врз регистарските таблички имаат залепено хартија на која пишува „Шарена револуција“ во различни бои. Забележително на блокадата кај Црвен крст беше и тоа што поминаа три амбулантни возила од кои едното од Детската клиника, кои мораа да возат по тротоарите и да ја заобиколат блокадата. Крстосниците ги обезбедуваа десетина полицајци, кои по заминувањето на демонстрантите го воспоставуваа редот во сообраќајот./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема
Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини.
Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и согласно издадената документација.
За секоја утврдена неправилност, инспекторите согласно законските надлежности, ќе реагираат со поведување прекршочни постапки и изрекување соодветни санкции.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во повеќе наврати порача дека нема да има толеранција за бесправно узурпирање на јавниот простор.
„Нашите инспекциски служби се на терен. Соодветни казни ќе има за сите што немаат одобрение за поставување урбана опрема“, рече Герасимовски.
Македонија
Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа
Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи во авионската несреќа пред 22 година, кога загина тогашниот македонски претседател, Борис Трајковски.


„Борис Трајковски останува запаметен како претседател во време на тешки државни предизвици, човек кој со смиреност и одговорност ја водеше Македонија низ период на сериозни искушенија. Неговото делување беше насочено кон зачувување на мирот, стабилноста и меѓународниот углед на државата. Неговата политика на дијалог и единство претставува потсетник дека државничката зрелост, храброста и чувството за одговорност се темел на секоја стабилна и суверена држава. Денес, повеќе од две децении подоцна, останува обврската да се чува државата, да се гради единство и да се продолжи патот на стабилност и напредок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Цвеќе положи и скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.


„Пред 22 години, на овој ден, Македонија ја почувствува една од најтешките загуби во својата понова историја. Трагичната вест за падот на авионот со кој кон Мостар патуваше претседателот Борис Трајковски ја зави државата во тага. Заедно со него, животот го загубија и осуммина членови на делегацијата, луѓе посветени на службата кон татковината. Борис Трајковски беше повеќе од државник. Тој беше симбол на смиреност во тешки времиња, глас на разумот и човек што искрено веруваше во силата на единството. Со достоинство ја носеше функцијата претседател, но уште поголемо достоинство носеше во својата човечност. Веруваше во Македонија. Во нејзината иднина, во нејзините луѓе, во можноста да бидеме подобри и посилни заедно. Неговата визија за стабилна, демократска и европска држава останува патоказ и денес. Со почит и благодарност се сеќаваме на неговото дело и на неговата жртва“, порача Ѓоргиевски.
И партиска делегација на СДСМ, заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, членовите на Извршниот одбор, Рената Младеновска и Александар Наумоски, денеска оддадоа почит во Алејата на великаните во Скопје.

„Трајковски беше проевропски претседател, државник кој посветено работеше за мир, соживот, за напредок и европска перспектива на нашата држава. Неговата политика беше политика на дијалог, на приближување, на отворање перспективи дома и надвор. Веруваше дека Македонија може и мора да биде дел од европското семејство, но пред сè стабилна и обединета држава во која различностите се богатство, а не поделба. Политиките на претседателот Борис Трајковски нè потсетуваат дека храброста, мудроста и одговорноста кон граѓаните се пример за лидерството“, велат од СДСМ.


Авионската несреќа се случи на 26 февруари 2004 година кај Мостар. Во несреќата загинаа и Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска – советници во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, Аце Велиновски – обезбедување, Марко Марковски и Бранко Ивановски – пилоти на авионот.
Последниот извештај за авионската несреќа од меѓународниот истражен тим покажа дека причините за падот на „кингерот“ се седум системски грешки на пилотите. Авионот се спуштил под минимално дозволена висина, временските услови биле неповолни, а пилотите не ја почитувале стандардната процедура, да слетаат на друг аеродром. Тие решиле да продолжат со слетување. Беше посочено и дека авионот не бил одржуван соодветно.
Македонија
Пренџов: Опозицијата стравува, никој не се одважи да го постави прашањето за Артан Груби, ниту за фабриките за марихуана
Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од собраниската говорница на 86 седница на Собранието за пратенички прашања, каде постави три пратенички прашања, од кои две беа поставени до претседателот на Владата, во врска со актуелните случувања за Артан Груби, за што тој истакна и дека никој од опозицијата не се осмели да го постави тоа прашање, како и за фабриките со марихуана, за кои треба да се утврди дали и колку е правен криминал. Последното прашање, Пренџов го постави до министерката за финансии.
„Клучно прашање денес, кое што требаше да го постави опозицијата, без притоа да се плаши, да стравува, и да докаже тоа на јавна сцена дека е така, е прашањето со Артан Груби. Тоа е прашањето кое што требаше некој тука да се одважи и да го постави, со цел сите ние да знаеме што се случувало“, рече Пренџов и додаде:
„Она кое што се случува овие денови, почитуван премиер, вие сте мета на обвинување од страна на СДС, дека имате договор со ДУИ, прво да се пушти Артан Груби да избега од Република Македонија, дека тоа е договор, уверуваат од прес-конференции, како балерина пред огледало кога е сама, притоа кога треба да има натпревар, и овдека да се соочите, тие не ги поставуваат прашањата. Еве ние ќе ги поставиме. Дали имало договор Артан Груби да биде пуштен? Дали и како реагирате на обвинувањата со цел СДС дека сте се договориле да се врати? Значи прво да го пуштите, и потоа да се врати“.
Второто прашање исто така беше до претседателот на Владата, во врска со како што вели тој, криминал кој бил од институциите, а и со фабриките за марихуана, за што Пренџов напомена дека повторно, за ова прашање, никој од опозицијата не се одважи да праша.
„Почитуван премиер, од ова што можевме да следиме во јавноста, на седница на Влада се разговараше, и вие лично ги задолживте сите институции во рамки на системот да во рок од 45 дена се се провери, се се истражи, со цел да се утврди фактичка состојба: дали и колку е правен криминал поврзан со фабриките со марихуана, коишто каде и да отидете во кој град да отидете, ги гледате или од лево или од десно тие работат, но очигледно не работеле согласно позитивните законски прописи. Почитуван премиер, до каде е и дали може да и откриете нешто на јавноста, до каде се овие истраги, во која насока се движат овие истраги, дали имаме веќе повратно од институциите што ги истражуваат овие криминали?“, праша Пренџов.
Третото прашање беше до министерката за финансии, или како што кажа тој, за криминали во Буџетот, кои за време на ковид пандемијата и после истата, како што вели тој, ги манипулирале фирмите, дека им помагаат и им даваат средства, за подоцна да ги купат поевтино.
„Им воведоа еден солидарен данок со цел максимално, пред одење дома, пред одење во опозиција, да ги исцедат истите тие фирми. Во контекст на ова сакам да ве прашам: до каде е постапката во делот на враќање на солидарниот данок, фирмите тоа го очекуваат, кој е начинот на којшто тоа го правите, и кои се очекувањата на приватниот сектор од страна на овој солидарен данок?“, заклучи Пренџов.

