Македонија
BMW1 во Скопје, луксузни патувања за Дубаи во Тетово, Битола, Кривогаштани и Скопје, „МЕГАВИН.МК“ донесе среќа низ цела држава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/thumbnail_Sliki-za-soopstenie-02-1.jpg)
Во четвртокот 30 ноември се одржa „99 Мегастарс“ во СЦ „Јане Сандански“ каде воедно се одржа и извлекувањето од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“ и беше преставена новата визија на Државна лотарија.
Новиот симбол на Државна лотарија е калинка, која на овие простори е традиционален симбол за среќа и благодат; тоа е плод којшто асоцира на радост, свежина, надеж, а ако се погледне поинаку − топче е со круна. Недвојбено, ова е вистинскиот симбол којшто ја одразува и дејноста на компанијата и нејзината нова стратегија којашто ќе донесе уште повеќе благодат за сите бидејќи СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!
Извлекувањето на наградите се одвиваше во 4 блокови меѓу музичките настапи со помош на електронски генератор на броеви по случаен избор, од сериските броеви на онлајн влезниците на регистрираните учесници во присуство на четворочлена комисија се извлекоа добитниците на: 10 гејминг лаптопи Lenovo; 10 iPhone 14 Pro, 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи и еден автомобил BMW. Пријатно изненадување беше големиот интерес за регистрации − од сите краишта на земјата коишто за жал заради оддалеченоста не беа во можност да присуствуваат на концертот, а што се отслика во нецелосно исполнетата сала. Од друга страна, добивме извонредно богата шаренолика слика на добитници од: Демир Хисар, Штип, Тетово, Кочани, Гостивар, Берово, Куманово, Новаци, Македонски Брод, Старо Нагоричане, Кривогаштани, Битола и од скопските општини Илинден, Центар, Бутел, Кисела вода и Гази Баба. Добитникот на премијата автомобил BMW, го контактиравме телефонски од сцена и можевме да ја слушнеме неговата збунетост и неверување, а добитникот беше Дејан Блажевски од Кисела Вода.
Моментот на објавување на новата визија со новите лого и слоган беше симболички проследен со црвени балони што паѓаа „од небо“ и се разлетаа насекаде, по што Државна лотарија ја потврди својата мисија за општествена одговорност со донација на Црвен крст од 1 000 000 денари за помош на социјално загрозените лица од трето доба, и донација од 2 500 000 денари за Клиниката Козле за помош во справувањето со сè почестите заболувања кај децата во зимскиот период.
Претставници на Црвен крст и на Клиниката Козле потврдија дека ова не е прва, но е досега најголема еднократна донација, изразувајќи благодарност за отвореноста на Компанијата за поддршка, како соработник и пријател.
Во улога на водители на настанот присутните ги видоа: Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а настапија: Искра Трпева, Peace Brothers, Куку Леле, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Теа Трајковска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски – Принц…
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.