Македонија
Бонева, Трпеноски, Костов, Јакупи сакаат во ДИК

Силвана Бонева, Игнат Стефановски, Сотир Костов, Горан Трпеноски се дел од они кои сакаат да влезе во новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК), која според договорот од Пржино ќе биде во проширен состав и со зголемени надлежности.
Во петок, собраниската Комисија за прашања на изборите и на именувањата, треба да ја утври листата на кандидати, а од партиски редови се пријавиле 15 луѓе, 37 експерти и речиси сите од досегашниот состав на ДИК, без претседателот Никола Рилковски.За експертските три места во новиот состав на ДИК, кој треба да оформи според Договорот од Пржино, се пријавиле дури 37 кандидати, а меѓу кандидатите се и Сотир Костов, колумнист и аналитичар, потоа професорот Стефан Буџаковски, Костадин Бабунски, Реџеп Јакупи, Игнат Стефановски, новинарот и уредник на политичката редакција на весникот Вест, Горан Трпеноски.Воведувањето на експерти, односно познавачи на изборните процеси, произлегува од потпишаниот Договор од Пржино, кој освен што предвидува проширени надлежности на оваа Комисија, предвидува дека истата место, досегашните шест члена, ќе има плус три члена кои нема да бидат членови на партии, туку ќе ја претставуваат експертската јавност./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ известува дека денеска во време од 08:00–16:00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка ХРОНО, при што сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за село Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде запрен.
Исто така, истиот ден на 22.07.2025 година во време од 08.00–17.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка МОУНТАИН БАЈК (тренинг), при што сообраќајот на патот во село Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода ќе биде запрен.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за 23.7. и 24.7.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, времето на чекање е околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Под влијание на топол бран од југ до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.
Македонија
ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа разгледани актуелните политички случувања во земјата и подготовките за претстојните локални избори.
Централното претседателство едногласно го именува Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ, за шеф на Централниот изборен штаб.
Исто така, со целосен консензус беа потврдени кандидатите кои ќе се натпреваруваат за градоначалници и носители на советнички листи во повеќе општини:
Во Општина Тетово, кандидат ќе биде Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ.
Во Општина Желино, кандидат ќе биде Гемир Сулејмани, претседател на општинската организација на ДУИ.
Во Општина Гостивар, носител на советничката листа ќе биде Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ. Во Општина Струга, носител на советничката листа ќе биде Фатон Пололжани, претседател на огранокот на ДУИ.
Во наредните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени дополнителни кандидати за останатите општини.
Од Алијансата за Албанците, преку Зијадин Села, се очекуваат предлози за кандидати за градоначалници во општините Струга, Харачина и Дебар, а од Арбен Таравари – за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај.
Од ДУИ велат дека остануваат посветени на фер, инклузивен и програмски силен изборен процес, а граѓаните се повикуваат како на референдум да ја потврдат следната победа на локалните избори.