Македонија
Брима Галуп: Македонија не е водена од волјата на народот
Македонците сметаат дека демократијата, и покрај своите проблеми, е најдобар систем на владеење со државата, и тоа 65 отсто од анкетираните, а дека Македонија е водена од волјата на народот сметаат помалку од половината, или 43 отсто, покажува најновата анкета на Брима Галуп
Имено, со констатацијата „Демократија може има проблеми, но тоа е најдобриот систем на владеење” се согласиле 65 отсто од анкетираните, од кои 25 отсто потполно, а 40 отсто делумно, додека, 25 проценти го делат спротивното мислење (односно 14 отсто донекаде не се согласуваат и 11 отсто потполно не се согласуваат), но 10 отсто од испитаниците немаат став по ова прашање.Степенот на поддршка на демократијата на македонските граѓани е најблизу до степенот на поддршка на граѓаните на регион на источна Европа.Меѓу земјите од источна Европа кои учествуваа во ова истражување најблиски резлутати со оние на Македонија по ова прашање се: Полска (65 – 26, во проценти), Ерменија (65 -27), Латвија (63 – 28 ), Русија (62 – 26 ). Најмал степен на поддршка на демократијата во источна Европа покажуваат бугарските граѓани со 52 отсто „за“ и 32 проценти со спротивно мислење. На прашањето „Дали се согласувате со изјавата дека Македонија е водена според волјата на народот”, поголем број од испитаниците (53 отсто) не се согласуваат со оваа изјава (донекаде не се согласуваат 26 отсто, потполно не се согласуваат 27 проценти), но, исто така, во голема мера (43 отсто) одговориле дека се согласуваат (15 отсто потполно се согласуваат, а 28 процнети донекаде се согласуваат) и 5 отсто немаат став по ова прашање.Глобалната студија на Галуп Интернационал покажува дека иако демократијата во големо мнозинство е поддржана низ целиот свет, многу луѓе сметаат дека нивната држава не е водена од волјата на народот.Големо мнозинството од граѓаните во светот ја прифаќаат демократијата: 76 отсто сметаат дека демократијата може има пpоблеми, но сепак е најдобриот систем на владеење, што покажува дека постои консензус по ова прашање во светот.Сепак, кога се поставува прашањето дали веруваат дека нивната земја е водена според волјата на народот, обемот на консензусот значително опаѓа: половина од анкетираните (50 проценти) се согласуваат со оваа изјава, но 46 отсто не се согласуваат.Луѓето во 62 земји низ светот беа прашани дали се согласуваат со следнава изјава: „Демократија може има проблеми, но тоа е најдобриот систем на владеење”. Големо мнозинство од граѓаните (76 отсто) потполно или донекаде се согласуваат, додека 20 отсто потпoлно или донекаде не се согласуваат.Перцепцијата дека демократијата е најдобар начин на владеење е распространето во сите сегменти на популацијата, а станува посилна меѓу оние со повисоко образование и оние со повисоки примања.Гледано на регионално ниво, истражувањето покажува најголемо прифаќање на демократијата во Северна Америка (82 отсто), Африка (80) и Западна Европа (80).Иако демократијата е поддржана од мнозинството, нивото на прифатеност е пониско во Северна Азија (55 отсто), Источна Европа (64) и Латинска Америка (68 процнети).Земјите кои најмногу ја поддржуваат демократијата и покрај нејзините проблеми се: Шведска (93%), Мароко (92%), Аргентина (91%), Швајцарија (90%), Кенија (89%), Финска (87%), Фиџи (87%), Португалија (88%), Германија (86%), Турција (86%), Австрија (85%) и Исланд (84%).Од друга страна, 10-те земји каде луѓето помалку веруваат дека демократијата е најдобар систем на владеење се: Мексико, Хонгконг, Палестинските територии, Бугарија, БиХ, Јапонија, Србија, Либан, Романија и Колумбија.Од 62-те земји во кои беше спроведено истражувањето, во 32 земји од нив има повеќе граѓани кои сметаат дека нивната земја не е водена според волјата на својот народ, кај 26 од нив има повеќе граѓани кои изјавиле дека сметаат дека нивната земја е водена од волјата на народот, а во 4 од нив мислењата се изедначени.10-те земји каде повеќето граѓани сметаат дека нивната земја е водена од волјата на народот се: Фиџи, Авганистан, Виетнам, Мароко, Индонезија, Шведска, Еквадор, Кенија, Панама и Пакистан. Додека 10-те земји каде што во поголем број анкетираните ја отфрлаат идејата дека тие се водени според волјата на народот се: Ерменија, Латвија, Бугарија, Мексико, БиХ, Либан, Казахстан, Грција, Белгија и Шпанија.Истражувањето ги истакнува во исто време силната поддршка за демократијата како идеја и критиката за тоа како демократскиот систем всушност функционира.Во Македонија, БРИМА спроведе теренска анкета, лице в лице, во домот на испитаникот, на национално репрезентативен примерок со 1.204 испитаници на возраст 15+ години, во период од 14 – 24 ноември 2014, со маргина на грешка од +/- 3 отсто со ниво на доверба од 95 отсто./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.
Македонија
Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија.
„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“.
Македонија
Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати
„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата.
Филипче ја критикуваше власта за луксузирањето и што велат од партијата, негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот.
„Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци, луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за тој авион“, истакна Филипче.
Се осврна на животниот стандард и одбивањето на власта да ја зголеми минималната плата.
„Ние ги премоливме, дававме закони два пати, ова е втор пат како го даваме законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра плата не е луксуз, минимална плата. Основни потреби не може да задоволува луѓето. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачка кошничка, не може да преживеат. Нема слух, нема слух“, порача Филипче.
Тој заклучи дека Владата нема визија и нема план за подобрување на животниот стандард, туку само задолжувања и луксузирање, додека граѓаните едвај преживуваат.

