Македонија
Чауш: Ова ми се случува под директива на Митко Чавков
Обвинетиот во случајот „Фабрика за афери“, Захир Бекири – Чаушот во своите завршни зборови од судот побара да го ослободи и обвини дека целиот случај во којшто е тој обвинет бил конструиран од сегашниот Министер за внатрешни работи, Митко Чавков.
Чауш им се обрати на новинарите и тврдеше дека наводно извесен Мајкл Цивиќ незаконски живее во Струмица и во Македонија, и ја шири, според него, најопасната секта во исламот – како што го реле шиизмот“. Цивиќ имал „огромна фирма“ во Хонгконг и таму, како што рече Чауш, пери пари за синот на министерот, Иван Чавков.„Под директива на Митко Чавков ми се случува цела оваа работа затоа што не му помогнав на Мајкл Цивиќ да влезе во Ирак преку моите пријатели, и таму да го шири шиизмот“, рече Чауштот. Тој му понудил милион евра за да му помогне во ширењето на шиитизмот (исламска конфесија), но Бекири смета дека ова е најопасната секта во Исламот, поопасна и од вехабизмот. Цивиќ поседувал огромно богатство.Иако полицијата во домот на Чаушот изврши претрес за дрога, сепак, најде фалсификувани лични карти, па според Чаушот полицијата имала сознанија дека тој е изумител на „виртуелна дрога“. „Полицијата најверојатно имала сознанија дека ја сум изумил виртуелна дрога што би ме направило појак и од Бил Гејтс“ рече Чауш.Тој не верува во работата на Јавното обвинителство и кога бил повикан таму на 26 февруари се уверил дека актуелната власт има големо влијание врз Обвинителството. Бранителот на Чаушот, Мирослав Вујиќ, рече дека личните документи кои биле најдени во компјутерот на Чауш не биле користени ниту за избори, ниту во некоја постапка пред институциите. „Обвинетите јасно кажаа дека таквите податоци што се најдени кај нив, би можел било кој и во било кое време дополнително да ги стави. Лудост е да помислите дека во куќиштето, лаптопот или УСБ-то се крие дрога“, изјави Вујќиќ. Обвинителството, пак, побара обвинетите да бидат прогласени за виновни и сметаат дека има доволно докази коишто ја докажуваат новата вина.„Експертите за компјутерски науки кажаа дека не би можело да не биде забележано ако во компјутерот дополнително биле внесувани податоци. Тоа би оставило трага на електронските записи“, рече Обвинителката.Во вторник во 9.30 часот судијката закажа соопштување на пресудата за овој случај. Захир заедно со својот брат Имер се сомничат дека стојат директно зад аферата со фалсификуваните лични карти.Според обвинението, Захир Бекири во својот дом имал работилница за изработка на фалсификувани документи, преса, секачи, амблеми, фалсификувани полномоштва од нотари./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

