Македонија
Чаушот тврди дека му биле подметнати 30 вреќи предмети
Судот го одби барањето за издвојување на доказите од предметот во кој обвинети се браќата Захир и Имер Бекири, по што главното рочиште продолжи со сослушување на обвинетите.
Обвинетиот Захир Бекири, одговараше на прашањата од адвокатот Мирослав Вујиќ и судијката во процесот, Гордана Спиревска, за случувањата од полицискиот претрес во неговиот дом до почетокот на судењето, при што рече дека полицискиот претрес во неговиот дом траел 12 часа, се одвивал под силно полициско обезбедување, а на крајот полицијата му покажала 30 вреќи со запленети предмети кои тој не ги видел, така што не знае што му било одземено, а што му било подметнато.„За време на претресот, кој полицијата ми го најави како налог за претрес за дрога, јас бев многу нервозен и загрижен за мојата мајка која, исто така, беше дома. Не знам што зеде полицијата од мојот дом. Овие предмети кои тука ги покажавте не ги познавам“, рече Захир Бекири.Тој додаде дека бил присилен да го потпише записникот за одземени предмети, што одбил да го стори.Обвинетиот истакна дека, додека бил на издржување на казната затвор во затворот „Идризово“, добивал закани по неговиот живот и по животот на неговото семејство од високи владини и полициски функционери. Му се заканувале да каже дека изработувал фалсификувани лични карти и дека поседува прислушувани разговори кои му ги дале Зоран Заев, лидерот на СДСМ, и Зоран Верушевски, поранешниот разузнавач. Тој никогаш не дал никакво признание кое се изнудувало од него.Захир Бекири побара од судот да му се суди правично бидејќи ниту еден доказ не докажува дека тој имал каква било улога во фалсификувањето лични карти.Имер Бекири, братот на Захир, пред судот рече дека не ги видел предметите кои се дел од доказниот материјал одземен од нивниот дом и дека тие не се негови.„Јас никогаш не сум направил прекршок во животот, никогаш не сум бил казнуван“, рече Имер Бекири. Според обвинението, Захир Бекири во својот дом имал работилница за изработка на фалсификувани документи, преса, секачи, амблеми, фалсификувани полномоштва од нотари./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

