Македонија
Чавков: Не се намалуваат ингеренциите на министерот за внатрешни работи
Ниту една ингеренција на министерот за внатрешни работи не се доведува во прашање со измените на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција, рече министерот за внатрешни работи Митко Чавков, одговарајќи на новинарско прашање, за барањата, во рамки на преговорите на политичките партии, за намалување на ингеренциите на министерот за внатрешни работи.
Чавков вели дека досега во таа насока не слушнал ниту едно аргументирано мислење од СДСМ, ниту од одредени експерти кои ги толкуваат или коментираат тие измени во законските прописи.Тој појасни дека измените се извршени врз основа на компаративна анализа односно разгледани се искуствата на Австрија, Словенија, Хрватска.„Нема држава во која организацијата и структурата не е утврдена со акт на Влада. Во конкртетниот случај ние бараме тоа да се уреди со уредба. Нема Министерство односно држава каде што за правилна систематизација на работни места не се бара согласност од Владата. Тоа нема ништо заедничко со ингеренциите на министерот за внатрешни работи“, рече Чавков, на прес-конференција по повод акцијата „Којот“.Тој оцени дека токму тие законските измени се на линија на создавање правни претпоставки за етаблирање стабилен организациски систем и структура, која на долг рок ќе даде посилни резултати, а МВР ќе биде заштитено од неодговорно однесување од кој било министер независно на која политичка провиненција припаѓа.„Законот за организација на Влада упатува дека министерот за внатрешни работи има право и на распоредување согласно Закон за внатрешни работи во кој точно е утврдена хиерархијата девет категории на работни места, девет хиерархиски нивоа и секој чекор е развиен, токму од причина да нема злоупотреби и да се обезбеди правна сигурност на сите вработени“, потенцира министерот Чавков.Чавков информира дека СДСМ спорат и за измената во Законот за внатрешни работи за воведување задолжителна обука за припадници на МВР кои сакаат или за кои ресорното Министерство има потреба да преминат од едно на друго хиерархиско ниво.„Тоа се европски стандарди и е на линија на зајакнување на институционалните капацитети на МВР“, рече министерот за внатрешни работи./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

