Македонија
Чавков поднесе оставка, Оливер Андонов нов министер за внатрешни работи
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков поднесе оставка на функцијата, а Оливер Андонов е предложен за нов министер за внатрешни работи, потврдуваат од Владата.
„Може да потврдам дека министерот Митко Чавков предмалку поднесе оставка на позицијата министер за внатрешни работи. Премиерот Димитриев ја прифати оставката на Чавков и согласно законските прописи ја испрати до Собранието заради нејзино констатирање. Истовремено, премиерот до Собранието испрати предлог професорот Оливер Андонов да биде нов министер за внатрешни работи. Тој има долгогодишно искуство со работа во разни сфери во областа на безбедноста, а моментално е професор, и тој е предлог кој доаѓа од редот на експертската фела. Откога пратениците ќе го изберат Андонов тој ќе биде нов министер, а потоа ќе биде и дополнителен заменик-министер за внатрешни работи во владата за спроведување на изборите која би требало да се изгласа во собранието утре“, појаснува портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.Според него, се очекува премиерот Димитриев да го предложи Митко Чавков за нов директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.Чавков има долгогодишна кариера во МВР, а проценката на премиерот е дека во идниот период е потребно тој да биде директор на Бирото за јавна безбедност каде што степенот на оперативно и тактичко постапување е поинтензивен и како човек кој е квалитетен и искусен тој е потребен за оперативно извршување на задачите и целите, особено ако се имаат во предвид најавите за можноста за нови мигрантски бранови и други безбедносни ризици. Откога ќе биде констатирана неговата оставка во Собранието, Чавков ќе биде предложен за нов директор на БЈБ на владина седница која би требало да се одржи во текот на денот, појаснува Ѓорѓиев.Портпаролот потврди и дека претпладнето Владата имала седница на која по нивно лично барање се разрешени досегашните директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, Горанче Савовски и Љупчо Андоновски. Од Владата се благодарни за нивниот досегашен ангажман и истакнуваат дека тие како квалитетни кадри и професионалци ќе продолжат да работат во МВР на други позиции. На истата седница за нов директор на УБК е именуван Владимир Атанасовски, досегашен директор на Управата за финансиско разузнавање.Атанасовски покажа квалитетни резултати на неговата претходна позиција и одговорно и посветено ја вршеше функцијата. Владата претпладнето на седница го именуваше за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. „Сметаме дека и на новата позиција ќе покаже високо ниво на професионализам и соодветно ќе ги изврши работните задачи“, додава Ѓорѓиев.Се очекува Собранието во текот на денот да одржи седница на која ќе биде констатирана оставката на Митко Чавков, и на која ќе се гласа за предлогот за избор на Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи.Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во четвртокне сакаше да ги открие имињата на министрите и на замениците-министри кои треба да ги именува СДСМ во преодната влада за организирање на предвремените парламентарни избори. Тој не сакаше да каже дали тој ќе биде старо-нов министер за внатрешни работи.„Вечерва ќе заседаваат највисоките органи на партијата и таму ќе се одлучи кои ќе бидат имињата на министрите и на замениците-министри“, изјави Спасовски.Спасовски, кој присуствуваше на презентацијата на истражувањето „Ставот на граѓаните околу работата на полицијата“, рече дека мора посветено да се работи на искоренување на корупцијата во политиката и на враќање на довербата на граѓаните во оваа институција.Во јавноста постои уверување, дека од петок, 100 дена пред избори, според договореното во Пржино, кога на чело на министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика треба да има министри назначени од опозицската партија, сепак, Оливер Спасовски и Фросина Ременски ќе седнат во фотелјите, откако веќе еднаш беа на тие позиции./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Црвениот крст ја заврши последната исплата од собраните средства за настраданите oд пожарот во „Пулс“
Црвениот крст на 27 февруари 2026 година ја реализираше последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани, во вкупен износ од 11.200.000 денари. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории.
Исплатата е извршена врз основа на доставен список на повредени лица, подготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, изготвена од Комисија при Министерството за здравство.
Со ова, вкупниот досегашен трансфер на средства од Фондот на солидарност изнесува 164.744.901 денари.
Од Црвениот крст информираат дека, со цел поголема транспарентност и отчетност, е подготвен извештај за фактичките наоди за приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност за периодот од 16 март до 22 август 2025 година. Извештајот е објавен на веб-страницата на организацијата.
Во тек е и подготовка на финален извештај за собраните и исплатените средства, кој ќе го опфати и останатиот период и ќе биде споделен со јавноста до 15 март.
Црвениот крст продолжува со активностите на терен, со акцент на обезбедување психолошка поддршка за настраданите и нивните семејства преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка.
Фото: ЕПА
Македонија
Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“
Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци.
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 се за „минување на црвено светло“, а 433 се за „брзо возење“.
Гледано по седмици, најголем број на прекршоци се регистрирани во периодот од 02 до 08 февруари-4.991, а најмал во периодот од 09 до 15 февруари – 4.490, додека по денови најмногу на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.
Најголем дел од прекршоците се регистрирани на подрачје на град Скопје-12.073 или 63,3% од вкупниот број на регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците се регистрирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10-вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и останати локации-17 прекршоци.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за посигурни и побезбедни патишта.
Македонија
Интеграциите во ЕУ и управувањето со отпад во фокусот на средбата меѓу Хоџа и чешкиот амбасадор
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и пријателските односи меѓу двете земји, со акцент на можностите за нивно понатамошно продлабочување.
Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи ја и активната улога на чешката амбасада во Скопје во унапредувањето на соработката во областа на животната средина.
Во тој контекст, на средбата беше направен осврт и на заклучоците од последната седница на Мешовитата комисија за економска соработка, одржана во март 2025 година во Прага, како и на остварените контакти меѓу ресорните министерства. Се разговараше за квалитетот на воздухот, контролата на индустриското загадување и современите практики во управувањето со отпад, вклучително и искуствата од посетата на центарот за управување со отпад на градот Прага.

