Македонија
Чавков: Правните служби ќе оценат како ќе постапуваме по повлекувањето на аболицијата
По одлуката на Претседателот, Ѓорге Иванов целосно да ја повлече аболицијата за сите 56 лица кои беа помилувани, Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков нема одлука како ќе постапуваат со лицата кои се вработени во Министерството, а против кои има кривични постапки.
Чавков изјави дека правните служби ќе оценат како ќе се постапува понатаму. Началникот на Петтата управа, Горан Грујовски којашто е под Министерството за внатрешни работи е осомничен за постапката што ја води Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“.Според СЈО, Грујовски заедно со останатите осомничени уништиле опрема за следење на комуникации со изговор дека е застарена и притоа ја оштетиле државата за 10 милиони евра. Покрај Груевски, осомничени во случајот „Тврдина“ на СЈО се и други началници, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.Осомничените се товарат и за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување на службени исправи. /крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Добрина на дело: Чудната санка на Дедо Мраз дели пакетчиња во Скопје
Андреј Миневски и неговите соработници деновиве ги израдуваа дечињата од училиштето ОУРЦ „Иднина“, лицата од ЦПЛИП „Порака“ како и дечињата кои ги сретнаа попатно по скопските улици од социјално ранливи групи.
Следно, в понеделник ќе ги посетат и дечињата од ОУРЦ „Златан Сремец“.

Денеска , 27 декември, чудната санка и бучните ирваси ќе може да ги сретнете на следните локации: Плоштад Автокоманда од 17 и 10 до 18 часот, Зоолошка градина Скопје од 18 и 10 до 19 часот и Скопје Сити мол, пред источен влез, од 19 и 10 до 20 часот.
Оваа благородна хуманитарна акција е идеја на Андреј, кој реши да контактира приватни компании, да собере средства и да направи пакетчиња со кои ќе ги израдува дечињата.


„Секое детенце кое тимот ќе го сретне низ улиците на нашиот убав град Скопје, ќе проба да го израдува барем за момент. Чудната санка на Дедо Мраз полна со пакетчиња е тука за секо детенце да го потсети дека секоја желба еден ден може да биде остварена и дека празниците се за сите“, вели Андреј.
Инаку, низ градот Дедо Мраз може да го забележите со новогодишно украсено комбе, внатре полно со пактчиња.

„Дедо Мраз и следната година ќе продолжи да работи со општествено одговорни компании. Се надевам дека семејството на соработници ќе се зголеми и дека на тој начин со вредните џуџиња ќе успееме да обезбедиме бесплатно пакетче за секое дете. За следната година ги повикувам да се приклучат и други фирми и компании, па целата иницијатива да прерасне во традиција која носи среќа и насмевка на лицето кај секое детенце. Секој придонес, голем или мал, може да направи значајна разлика. Добрината е дел и од работата, оваа година десетина приватни компании донираа средства за пектчињата“, вели Андреј.
Македонија
Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.
По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.
Македонија
Охриѓани ги разбуди земјотрес
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.

