Македонија
Чавков со телеграма до вработените бара да го почитуваат законот
Заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков со телеграма до сите организациски единици за потребите на Министерството, Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање на вработените им укажува на потребата од доследно почитување на законите, како и на Одлуките на Владата.
„Со техничкото назначување на министер за внатрешни работи од редот на опозицијата, а врз основа на политичкиот договор од Пржино и неговата операционализација со измените на Законот за Владата, министерот за внатрешни работи од првиот ден отпочна со реализација на партиски активности, со претходно одземање на овластувањата на директорите на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање (сторено во стопроцентно автократска, нетранспарентна и спротивна на европските стандарди за децентрализација постапка), како и на началниците на Регионалните сектори за внатрешни работи со единствена цел да воспостави целосна партиска контрола со помош на мал број познати политички активисти на СДСМ“, пишува во телеграмата на Чавков.Тој додава дека во делот на Решенијата за уназадување или разрешување на раководни работни лица во Министерството за внатрешни работи, сите тие Решенија се донесени спротивно на Законот за внатрешни работи, бидејќи не се исполнети законските услови за донесување на ваков вид на решение за конкретниот работници.„Имено, согласно Законот за внатрешни работи кој било работник во Министерството за внатрешни работи не смее да биде распореден на работно место кое е пониско од нивото на работното место на кое дотогаш работел, освен кога врз основа на претходно спроведена постапка ќе се утврди дека тој работник го прекршил работниот ред и дисциплина или не ги исполнил дадените работните обврски, во кој случај таквиот работник може да се распореди на работно место само во едно ниво пониско од нивото на работното место на кое дотогаш работел. Во сите конкретни случаи на уназадување или разрешување, не е спроведувана никаква постапка за утврдување на евентуално кршење на работниот ред и дисциплина или за неисполнување на дадените работните обврски, туку директно, противзаконски се носени тие решенија“, пишува во телеграмата.Чавков посочува дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е избран на оваа функција „заради организација на предвремените избори за пратеници во 2016 година“, има и се уште има законска обврска сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите да ги разгледува и потпишува заедно и рамноправно со дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, што не било направено во ниту еден единствен случај, при носењето на поништените Решенија и Правилници./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.

