Македонија
Централен регистер: Базите се електронски, податоците не можат да бидат уништени
Централниот регистар најостро ги демантира информациите за какво било наводно прикривање, затајување или уништување на документација за податоците од регистрите со коишто раководи, реагираат од институцијата по акцијата на Специјалното јавно обвинителство кое со полициска асистенција одзеде документација којашто им била потребна за нивните истраги.
Од СЈО соопштија дека и покрај нивното барање за пристап до документацијата од Централниот регистар не добиле одговор и по 30 дена со образложение дека барањето било нејасно, па побарале судска наредба за одземање на документацијата. Од Централниот регистар пак негираат дека не одговориле на барањето и велат дека на Специјалното јавно обвинителство на 11.12.2015 година му е овозможен неограничен пристап до базите на податоци на Централниот регистар по електронски пат, во реално време, 24 часа на ден, 7 дена во неделата. „На барањето на СЈО за доставување податоци, во законски предвидениот рок Централниот регистар одговори со допис, во којшто, со цел обезбедување соодветна услуга и согласно воспоставената пракса на постапување по барања за податоци, побара прецизирање на барањето коешто беше нејасно и непрецизно. Наместо да достави појаснување, СЈО приложи судска наредба за привремено одземање на списи од одговорното лице на Централниот регистар. Во наредбата од судот, СЈО, сепак, го формулирало барањето согласно насоките од Централниот регистар“, се вели во реакцијата од Централниот регистар.За тоа дека не се случило никакво уништување на документација, според Централниот регистер, сведочел фактот што СЈО на лице место утврдило дека документите постојат во целост и дека ниеден документ не е уништен, а дел од бараните податоци им биле предадени, додека останатите ќе бидат предадени согласно заемно договорена динамика според потребите на СЈО во периодот што следи.„Небулозно е тврдењето дека податоци од Централниот регистар воопшто можат да бидат уништени, со оглед на тоа што базите се водат електронски на повеќе локации, а секоја промена во регистрите електронски, во реално време, се доставува и до бројни други институции, преку веб-сервиси и преку системот за интероперабилност“, се вели во соопштението./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

