Македонија
Честитки за празникот, Иванов повика да им се помогне на поплавените
Државниот врв и политичките партии испратија честитки по повод денешниот празник, Успение на Пресвета Богородица. Сите посакаа здравје, љубов и толеранција.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед, во којашто повика да им се помогне на погодените од поплавите.
„Ликот на светицата најчесто се поврзува со страдање и тага, но она што ја велича Богородица е нејзината верба, трпение, скромност и љубов кон Бога и кон ближниот свој. Успението на Пресвета Богородица е сведоштво за победата на понизноста над горделивоста, сигурноста над стравот и себедавањето над егоизмот. Водени од овие христијански вредности и сочувствувајќи со настраданите од неодамнешните поплави, Ве повикувам да бидеме солидарни, хумани и да дадеме помош на оние на кои им е најпотребна. Празникот на Мајката Божја во земјава се прославува и како празник на спасението, грижата и довербата. Овој ден нè учи дека разделбата може да значи и соединување, а грижата за послабите и немоќните наше исправување и просветлување на умот и срцето, мотив за извршување добри дела“, се вели во честитката.
Премиерот, Емил Димитриев во својата честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан порача дека секој верник треба да го следи примерот на Дева Марија за богоугоден живот, за потребната човечка скромност, за љубовта кон Бога и ближните и смирение пред Божјата Волја.
„Чествувајќи го денешниот празник, во овие динамични времиња полни со предизвици и искушенија, да се помолиме на Мајката Божја, за здравје, меѓусебна љубов, толеранција, почитување и разбирање во нашите семејства, во нашата земја и во светот. Нека Пресвета Богородица го чува нашиот народ и нашата држава и нејзината милост нека го покрие целиот христијански народ!“, се вели во честитката на Димитриев.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски порачува дека мајката Божја е вечен пример за чесност, искреност и грижливост кои се дел од основните принципи на христијанството и наши морални одлики.
„Искрено да веруваме во нашата сплотеност и да сме цврсто обединети во нашите цели за промовирање на православните христијански вредности како и чување на духовното и културното наследство. Потребно е сите заедно да работиме за подобра иднина на секој граѓанин, како и на нашата држава Република Македонија“, пишува Вељаноски.
Претседателот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во честитката пишува дека славејќи го овој празник, истовремено се слават и традиционалните вредности на нашето општество и на нашите семејства.
„Вредности кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за потребното човечко функционирање и во иднина, бидејќи само така ќе се задржиме на вистинскиот пат. Славејќи го денешниот голем празник Ве повикувам заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, меѓусебна љубов, радост, благодети и успеси во секое семејство и во нашата држава“, се вели во неговата честитка.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во чест на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица најави дека ќе го посети манастирскиот комплекс ,,Пресвета Богородица“ во село Матка. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

