Македонија
Четврток отворен ден на ФЗОМ во сите 30 подрачни служби
Фондот за здравствено осигурување на Македонијав воведува отворени денови за осигурениците и нивните идеи, предлози и прашања, најавија во вторник во Струмица, директорите Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани во рамките на работната посета на подрачната служба на Фондот во Струмица.
Директорот Стефаноски информираше дека од оваа недела, четврток, 9-ти април, отворените денови на ФЗОМ ќе се организираат секој четврток од 10 часот до 15 часот во просториите на сите 30 подрачни служби на Фондот.
Овие отворени денови се дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници кои се активни учесници во процесот на креирање политики за подобро функционирање на Фондот за здравствено осигурување.
Во овој период, сите заинтересирани осигурени лица ќе може да ги претстават своите идеи, предлози, потешкотии со кои се соочуваат на стручните тимови на Фондот. Во секоја подрачна ќе има задолжено лице кое ќе дава повратни информации за начинот како да се надминат одредени потешкотии со кои осигурениците се соочуваат, а се во надлежност на Фонот. Оваа практиока, како што е планирано,ќе се одржува до крајот на јуни.
Директорот Рамадани истакна дека целта на отворените денови е на сите осигуреници да им се овозможи директно да учествуваат во креирањето и реализацијата на здравствените политики, придонесувајќи, на тој начин, за подобрувањето на состојбите во здравствениот систем.
Исто така, сите осигуреници може да побараат информации на веб страницата на Фондот (www.fzo.org.mk) или на социјалните мрежи фејсбук и твиртер. Може директно да се обратат во подрачните служби, или да се јават на бесплатниот телефноски број 0800 33 222 секој работен ден од 8.30 до 20 часот или по маил на [email protected]./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.
Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

