Македонија
Chymoral S на „Галеника“ – новиот домашен сојузник за општо здравје

Препознатлива, а сепак нова и помоќна комбинација од три ензими, подготви фармацевтската компанија „Галеника“ во новиот Chymoral S. Состојките во препаратот се докажани во повеќе намени: воспаление на синусите, ринитис, инфекции за слузницата, горнореспираторни инфекции, артритиси, отоци или хематом по повреда, скршеница или по операција, како и по вадење заби. Производителот „Галеника“ на македонскиот пазар го препознаваме по богатата палета на производи, кои се докажале со повеќедецениска ефикасна примена и задоволни корисници, но и по посветеноста да ја унапреди понудата согласно современите потреби на потрошувачите.
Chymoral S е унапреден наследник на веќе препознатливиот Chymoral кој повеќе од пет децении успешно го издржа тестот на времето како сојузник на домашната аптека со широка примена и ефикасност.
Новиот производ е применлив во повеќе области оториноларингологија, стоматологија, физијатрија, ортопедија и ревматологија како и во општата пракса при различни воспалителни состојби. Ова се должи на единствената комбинација на моќните три протеолитички ензими: трипсин, хемотрипсин и серапептаза, кои имаат клучна улога во повеќе процеси во телото – разградувањето на протеините, олеснување на поправката на ткивото и намалување на воспаленијата.
Трите ензими во Chymoral®S имаат научно докажано дејство за подобрување нарушен проток на крв и лимфни течности, и како ефективен третман при отоци и крвни подливи и други отоци на мускулите, дава забележителни резултати и при отоци околу устата, вилицата или јазикот, при заздравување на скршеници или постоперативни терапии, третирање артритис, како и во случај на горнореспираторни инфекции, ринити и синуситиси.
Широкиот спектар на употреба се должи на антиинфламаторно, антиоксидативно, антиинфективно и муколитичко дејство „Chymoral S“, што го прави и исклучително важен при третман на инфекции на респираторен систем, воспалителни процеси на дишни патишта, густ бронхијален секрет, отежнато искашлување.
Комбинацијата од трите ензими во Chymoral S овозможува брзо дејство и го намалува времетраењето на лекувањето. Односно, во случај на лечење на воспалителен процес, најдобри и најбрзи резултати се постигнуваат со комбиниран терапевтски третман со лекови за лечење на воспалението, кортикостероиди и протеолитички ензими, со што се овозможува синергистичко дејство. Впрочем ензимите трипсин и хемотрипсин ефикасно го намалуваат воспалението и го забрзуваат просецот на заздравување на ткивото кај пациенти после хируршки интервенции, други повреди или изгореници. Ензимите помагаат да се намалат и болките. Третиот ензим, серапептазата го дополнува дејството на трипсин и химотрипсин со своите антиинфламаторни карактеристики.
„Chymoral S“ директно ги намалува отокот и густината на секретот при горнореспираторни заболувања. Односно, значително ги олеснува симптомите и справувањето со самата настинка или инфекција и го олеснува искашлувањето. Со тоа значително го намалува времетраењето
на болеста. Производот се комбинира со антибиотска терапија и ја подобрува пенетрацијата на антибиотикот до заболеното или воспалено ткиво.
Како додаток во исхраната, „Chymoral S“ не се издава на рецепт и достапен е во аптеките, каде совет за користење може да побарате од фармацевтот или да се посоветувате со матичниот доктор. Таблетката се пие исклучиво на празен желудник, 1 час пред оброк и не е наменет за деца помлади од 12 години.
Овој препарат е само уште една нишка во посветеноста на Галеника кон корисникот и здравјето.
Трајниот врвен квалитет на фармацевтските производи, надополнет со иновативни технологии се потврдува како сигурна и цврста основа за меѓународниот раст на Галеника како фармацевтски лидер во регионот и на европските пазари. Компанијата речиси осум децении е присутна на нашиот пазар и ужива оправдана доверба кај повеќе генерации корисници. Насочена да одговори на современите потреби на пазарот и потребите на пациентите и потрошувачите, компанијата инвестира во збогатување на производното портфолио со производи и од новата генерација лекови.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, упати честитка по повод 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот, изразувајќи благодарност до сите работници кои со посветеност и чесност секојдневно придонесуваат за развојот на општеството.
„Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок – наставниците кои ги едуцираат генерациите, здравствените работници кои го штитат животот, полицајците кои ја обезбедуваат безбедноста, земјоделците кои ја хранат земјата, градежниците кои ја формираат инфраструктурата, и сите останати кои секојдневно ја движат државата напред“, истакна Меџити.
Тој потсети на заложбите на Владата за отворање нови работни места и решавање на статусот на илјадници работници, како и на конкретните мерки што се преземени, вклучувајќи го зголемувањето на платите во клучните сектори како образованието, здравството и безбедноста, субвенциите за земјоделците, зголемувањето на минималната и просечната плата, како и пензиите.
„Знаеме дека секој работник заслужува повеќе: заслужува почит, поддршка и мотивација. Нашата развојна политика се темели врз достоинството на трудот и работникот. Токму оваа основа ќе ја зајакнеме и понатаму, со решителност и јасна визија за поправедна иднина за сите“, заврши тој.
Македонија
Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките.
Според Владата, опозициската партија, ресторанските услуги на бифињата ги прикажува за трошоци за ручеци на министрите.
„Тоа не се трошоци на министерот Љутков, ниту министерот Муцунски или друг владин министер, туку трошоци за бифињата кои функционираат во рамките на министерствата, кои ги користат и плаќаат и вработените кои плаќаат за услугите. Впрочем во времето на СДСМ оператор на ваквите услуги беше фамозната струмичка компанија Концепт“, велат од Владата.
Додаваат дека времињата кога министрите од таа партија трошеа брдо пари за скапи луксузирања и кога министри патуваа со владиниот авион до Ниш или до Солун на шопинг заврши.
Владата апелира: „Со голема претпазливост да се земат лажните вести продуцирани од партијата позната по дезинформирањето. Очигледно СДСМ одбра да продолжи со својата неконструктивност, некадарност и неспособност“.
Македонија
Манасиевски: Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот

Заев тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти. Дали и Венко Филипче го мисли истото, со оглед на тоа дека кажа дека народот треба да учи од Зоран Заев и дека нема друг како него, праша Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев ги опустоши Македонските национални интереси, и како кловн кој ги засмејуваше регионалните политичари. Дали Венко Филипче се гордее и со тоа?“, рече Манасиевски.
Додаде дека е добро што народот знае со сигурност дека Венко Филипче е втор Зоран Заев, и што може да очекува.