Македонија
Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини на медиумите.
„Јас ги прифаќам сите реакции и од ЗНМ и од другите институции и на самиот настан кажав дека сум веднаш подготвен да се извинам, се извинив и на самиот настан, еве извинување и денеска. Имав долг разговор со претседателот на ЗНМ во неколку наврати бидејќи тој е најдобриот сведок што се случуваше до 2016 година. Јас кажав дека до 2016 тоа се случувало и не би сакал да видиме време кога повторно тоа ќе се случува. Ако ја погледнете целата изјава тогаш е многу јасно што имам кажано“, одговори Ковачевски.
На партиската трибина на 19 февруари Ковачевски меѓу другото кажа:
„Е тоа ви е кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија. И после ќе се освестат, и касно е… И кај ќе трчаат? Во СДСМ. Зошто? За да им ја врати демократијата. А тие самите се продале“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Сончево со умерена облачност, попладне во некои делови , нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
До четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.
Македонија
На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30 јуни 2024 година (недела), по повлекувањето од функцијата на претседателот Димитар Ковачевски.
Согласно роковите во Статутот на партијата ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите пред членството и активна регистрација, соопшти партијата.
На седница којашто ќе се одржи в четврток, 30 мај 2024 година Централниот одбор на СДСМ треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на постапката на највисоко демократско ниво од страна на Централната изборна комисија.
Македонија
Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир.
На средбата беше потенцирана силната европска заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада, што е еден од трите главни постулати на делување, покрај борбата со криминалот и корупцијата и забрзаниот економски развој.
Мицкоски кажал дека државата мора да се трансформира во секое поле и да се подобри значајно животот на луѓето.
Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како што е наведено во соопштението, своето делување ќе го базира исклучиво на законите, и злоупотреби како претходната влада во минатото со европското знаменце нема да се применуваат.
Заклучок е дека граѓаните заслужуваат европска иднина, и таа мора да дојде што побрзо, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.