Македонија
Да не се продаваат и купуваат земјоделски производи од поплавените села
Граѓаните кои одгледуваат земјоделски производи во поплавените села да не ги продаваат, а откупувачите да не откупуваат производи од овој регион додека не се утврди нивната безбедност, апелираше директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Цветан Трипуновски.
Пет тимови на земјоделски и фитосанитарни инспектори од петокот вршат обиколка на теренот, по што ќе бидат земени примероци на анализа во лабораториите на ветеринарниот факултет кој овозможи бесплатни анализи. Инспекциските служби пак на Агенцијата за храна и ветеринарство ги контролираат операторите со храна кои претрпеа штети од невремето и чии објекти беа поплавени. Укажано им е да се изврши чистење и дезинфекција на објектите пред да се почне повторно со работа. Исконтролирани се пет маркети, бурекџилници, магацин со пченица и четири пункта за собирање на хуманитарна помош во село Стајковци каде не се евидентирани поголеми отстапувања, ниту со контролите е затекната небезбедна храна или храна со поминат рок. Извршени се и контроли на три маркети и еден угостителски објект во село Црешево каде од страна на инспекциските служби на Агенцијата наредено е да се изврши итна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Во село Инџиково направени се контроли на пет маркети и таму не се евидентирани никакви проблеми.Од страна на инспекторите за храна извршена е и контрола на три маркети во Сингелиќ кои се наоѓаат на патот селото Арачиново како и на еден погон за производство на сокови кој бил поплавен, а каде чистењето се уште е во тек. Во маркетите во Сингелиќ наредено е да се изврши итна десинфекција, дезинсекција и дератизација. Во рамки на вонредните контроли кои ги спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за операторите со храна од поплавените подрачја се контролираше и тоа дали истите продаваат и хуманитарна помош. Со контролите не се евидентирани ваков тип на недоследности./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

