Македонија
Дебар протестира и апелира да не се затвораат дисперзираните факултети
Дебар остро реагира на одлуката на Сенатот на Тетовскиот државен универзитет за затворање на дисперзираните факултети во Дебар.
Претседателот на Советот на општина Дебар, Башким Машкули на средбата со новинарите во понеделникот нагласи дека Дебар е еден од потписниците на основачкиот акт за основање на Тетовскиот државен универзитет, а во 2004 година вложи над 300 илјади евра за санација и адаптација на објектот каде стартуваа дисперзираните студии по странски јазици и физиотерапија. Машкули додаде дека Дебар бара под итно Сенаторот на Тетовскиот универзитет да донесе одлука да не се затвараат студиите во Дебар. Инаку општина Дебар го подари објектот на Тетовскиот универзитет заедно со голема површина на земјиште.Пред објектот на дисперзираните факултети во Дебар, студентите протестираа барајќи сенатот во Тетово да ја промени одлуката за затворање на дисперзираните студии во Дебар./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

