Македонија
Демант од „ФАКТОР КОНСАЛТИНГ“ во врска со „Јапонската помош“
Во целост ги отфрламе инсинуациите на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостапанство, Љупчо Николовски, изнесени на конференциите за медиумите од датум 07.05.2016 и 08.05.2016, како и неговиот настап од 09.05.2016 година, реагираа во понеделникот, од компанијата „ФАКТОР КОНСАЛТИНГ“, од каде истакнуваат дека единствената точна инфорамција била дека фирмата била ангажирана во периодот од 2010 до 2014-та од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапанство во однос на проектот познат како „Јапонска помош“.
„Одговорно тврдиме дека соработката со МЗШВ, во предметниот период, се одвиваше врз основа на добиен тендер по транспарентна постапка, со што компанијата „Фактор консталинг“ доби обврска да наплати долг од кредитите кои ги земале земјоделците, но не го враќале навреме.
Како компанија не сме имале можност за увид во работењето на МЗШВ, иако нормално, тоа постојано имаше увид во нашата работа, каде преку писмени месечни извештаи ги информиравме за процентот на наплатени средства од овој Фонд. Мораме да потенцираме дека во времетраењето на договорот на сметка на фондот беа наплатени над 80 милиони денари, додека Министерството годишно собирало во просек значително помалку.
Се разбира, како економски субјект, тоа го правевме за одреден финансиски надомест, кој јасно е дефиниран во договор со Министерството и претставува пазарен минимален процент особено за посредување при наплата на побарувања, кои поинаку би биле отпишани. Изнесените цифри на конференијата за печат НЕ СЕ ТОЧНИ. Уште помалку е точно дека парите се исплаќани без покритие. За секоја исплатена сума постои уредно доставен извештај, фактура и договор.
Воедно поради неажурноста на Министерството во наплатата на нашето побарување бевме принудени да поднесеме и тужба при што е постигната и судска спогодба за долгот а со тоа е и потврден нашиот ангажман од страна на судот.
За каков “миленик” на власта тогаш станува збор? Нашата компанија работеше со три вработени лица во дадениот период кои работеа за домашни и странски субјекти, но денеска сме со блокирана сметка од страна на Управата за Јавни Приходи поради долгови.
Дополнителниот помошник министер за земјоделство, шумарство и водостапнство, Николовски ќе мора да ги докаже своите тврдења пред судските инстанци и да одговора за невистинито говорење.
Ве замолуваме во целост да го објавите овој демант со што, во вашите новинарски прилози, ќе го почитувате принципот на докажување на информациите од двете страни, пред воопшто да ги пласирате во јавност“, се вели во демантот на „ФАКТОР КОНСАЛТИНГ“./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.
Македонија
Состојба по обилните врнежи во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот
Центарот за управување со кризи направи пресек на состојбата по врнежите на територијата на Македонија до 18:30 часот.
Тетовски регион
Тетово
На патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, има падната голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и ДЗС, кои преземаат мерки согласно надлежностите.
Состојбата во градот и околината е стабилна, патната инфраструктура е проодна, а коловозите се претежно влажни.
Гостивар – Маврово
Кај каменоломот е евидентиран одрон на патниот правец Гостивар – Маврово. Надлежните служби се известени и најавено е расчистување и обезбедување на сообраќајот.
Тиквешки регион
Кавадарци
Во ридско-планинскиот дел се интервенира со два камиона на патните правци Кавадарци – Мушов Гроб – Мрежичко, Мушов Гроб – Михајлово и Страгово – Горна Бошава. Сите патишта се проодни во зимски услови. Висината на снежната покривка е до 15 см. Во останатите населени места нема снег.
Североисточен регион
Куманово, Липково и Старо Нагоричане
Нема излевање на реките, а водостоите се во опаѓање. Патот од с. Пелинце до Граничен премин Пелинце беше подмрзнат и небезбеден, по што е извршена интервенција и патот е расчистен.
Крива Паланка
Сите локални и регионални патни правци се проодни и чисти. Интервенирано е на патот кон манастирот Св. Јоаким Осоговски поради одрон.
Ранковце
Патот од с. Пклиште до с. Герман е затрупан со снег и е испратена механизација за расчистување. Делницата е со кашаст снег и отежнато движење.
Кратово
Сите локални патни правци се проодни. Водостоите на реките не претставуваат опасност од излевање.
Источен регион
Штип
Нема врнежи. Водостоите се зголемени, но без опасност од поплавување. На патните правци Истибања – Делчево – граничен премин, Виница – Берово и Штип – Неготино има помали одрони кои редовно се расчистуваат.
Југозападен регион
Охрид
Реката Сушица е ставена под контрола со насип. Сè уште има поплавени подруми и дворови на повеќе локации.
Струга
Во селата Мислешево и Калишта има поплавени дворови. Санирањето е отежнато поради непречено истекување на водата.
Дебар
Реката Радика има зголемен водостој без опасност од излевање. Има помали одрони на патните правци Жировница – Дебар и Дебар – Струга, кои редовно се расчистуваат.
Кичево
Водостоите на Зајашка река и Треска се намалени и нема опасност од нови поплави. Во тек е состанок на општинскиот кризен штаб за проценка на штети и планирање на санација.
Пелагониски регион
Демир Хисар
Поради оштетување на мостот на Боишка Река, локалниот пат кон с. Мренога е затворен за сообраќај.
Битола
Состојбата во градското подрачје е нормализирана. Во околните места водата се повлекува од поплавените површини.
Крушево
Сите локални и регионални патни правци се исчистени, посолени и проодни.
Ресен
Поплавени се земјоделски површини, но водата се повлекува. Во тек е интервенција со градежна механизација за расчистување на коритото на Голема Река.
Новаци
Нивото на река Црна изнесува 320 см и се следи континуирано.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто.
По општини:
– Врапчиште: 31,76 %
– Гостивар: 28,22 %
– Маврово и Ростуше: 28,04 %
– Центар Жупа: 13,18 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.
На избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.

