Контакт

Македонија

Демант од МВР во врска со смената на првиот човек на единицата „Алфи“

Објавено пред

Се покажува како неопходна потребата од потполно демантирање на видливо злонамерните, тенденциозните и непрофесионалните наводи, или попрецизно кажано клевети содржани во написите во кои се наведува дека министерот за внатрешни работи Митко Чавков, со разрешувањето на Примислав Димовски од шеф на полициската единица „Алфи“ го повредил членот 50 став 3 од Законот за кривична постапка, кој забранува разрешување и распоредување на друго работно место на истражител назначен со наредба на јавен обвинител и дека министерот се соочува со кривична одговорност, се наведува во реакцијата на Минситерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Следува интегрален декст од Демантот на МВР

Полицискиот службеник Примислав Димовски со Решение на поранешниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски бр. 22.6 – 7381/1 од 05. 02. 2016- та година СПРОТИВНО на членот членот 46 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија беше распореден на работното место „Началник на Единица за прв одговор и интервенција – АЛФА“ во Секторот за внатрешни работи Скопје во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Поранешниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски при носењето на ова Решение покрај Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, на еклатантан начин ги прекрши и членот 107, членот 108 и членот 111 став 3 од Законот за внатрешни работи, бидејќи работникот Примислав Димовски не ги исполнуваше законските услови за тоа распоредување, односно истиот спротивно на принципот на хиерархија и спротивно на Класификацијата на работните места во Министерството за внатрешни работи беше унапреден одеднаш за цели СЕДУМ нивоа, иако Законот за внатрешни работи дозволува унапредување на било кој работник за само едно хиерархиско ниво при едно распоредување.

Имајќи ги во предвид овие повеќекратни незаконитости, Владата на Република Македонија во рамките на својата Одлука – бр. 42 – 3461/1 од 07. 04. 2016-та година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2016) го ПОНИШТИ ова Решение, а тогашниот Министер за внатрешни работи наместо да го согледа своето незаконско постапување и наместо да ја испочитува Одлуката на наму надредениот орган – Владата на Република Македонија, тој ВЕДНАШ донесе ново потполно исто Решение за полицискиот службеник Примислав Димовски – бр. 22.6 – 23684/1 од 12. 04. 2016-та година.

Секако, Владата на Република Македонија во рамките на својата Одлука – бр. 42 – 3649/1 од 14. 04. 2016- та година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 74/2016) го ПОНИШТИ и ова незаконско Решение на поранешниот Министер Спасовски.

Во меѓувреме, Специјалното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со своја Наредба А. Бр. 165/16 од 06. 04. 2016-та година наложи полицискиот службеник Примислав Димовски да му биде доделен за работа на Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Истиот од денот на донесувањето на Наредбата, па се до 20. 05. 2016-та година ниту еден единствен ден не беше ангажиран на работа кај овој Обвинител, туку и понатаму незаконски, под закрила на тогашниот Министер за внатрешни работи раководеше со Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА“ во Секторот за внатрешни работи Скопје во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, што јасно укажува на фактот дека не постоела никаква потреба за негово ангажирање во тоа Обвинителство, туку целта била да се оствари политичко-партиската контрола врз оваа Единица.

И не само тоа, туку полицискиот службеник Примислав Димовски успеа за еден таков краток временски период во кој раководеше со оваа Единица да изврши и тешка злоупотреба на неговите службени должности и овластувања, наредувајќи на своите подредени противправно ослободување на прекршител на Законот за оружјето, за што против истиот веќе се во тек соодветни кривично-правни активности.

Но, да одговориме конретно на неоснованите КЛЕВЕТИ во медиумите.

Имено, како што беше погоренаведено, Владата на Република Македонија, свесна за бројните незаконитости, а согласно членот 30 став 2 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/2000, 26/2001, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014 и 196/2015) на два пати ги ПОНИШТИ Решенијата за распоредување на полицискиот службеник Примислав Димовски.

Согласно членот 269 став 1 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2005, 110/2008, 118/2008 и 51/2011), со поништувањето на решението и со огласувањето за ништовно се поништуваат и правните последици што ги произвело таквото решение.

Тоа всушност значи дека Решението за распоредување на полицискиот службеник Примислав Димовски бр. 22.6 – 7381/1 од 05. 02. 2016- та година и повторно донесеното исто такво Решение за истиот работник– бр. 22.6 – 23684/1 од 12. 04. 2016-та година, од ПРАВЕН и ЗАКОНСКИ аспект престанале да постојат во ИСТИОТ МОМЕНТ кога биле донесени од страна на тогашниот министер Спасовски и заведени во Писарницата на МВР на РМ.

Сосема друга состојба би била кога овие Решенија би биле УКИНАТИ, а не ПОНИШТЕНИ. Со укинување на едно решение не се поништуваат правните последици што решението веќе ги произвело, но се оневозможува натамошно произведување на правни последици од укинатото решение.

Но, овие Решенија беа поништени, а не укинати од страна на Владата на Република Македонија, токму со цел потполно да се анулираат бројните штетни последици од незаконското распоредување на конкретниот работник.

Тоа значи дека во моментот на носењето на Наредбата на Специјалното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на 06. 04. 2016-та година, како и оттогаш – па се до ден денес, во правниот промет на Република Македонија било единствено во сила Решението со кое полицискиот службеник Примислав Димовски бил распореден на работно место „Виш инспектор во тим за обука“ во Единицата за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Почитувајќи го овој неспорен правен факт, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија м-р Митко Чавков на ден 20. 05. 2016-та година донесе Решение бр. 22. 6 – 32512/1 со кое тој констатира дека, цитираме :

„На работникот Примислав Димовски, на кого со Одлуките на Владата на Република Македонија му се поништени Решенијата бр. 22.6 – 23684/1 од 12. 04. 2016 година и бр. 22. 6 – 7381/1 од 05. 02. 2016 година,

му ОСТАНУВА ВО СИЛА Решението. бр. 24.7 – 75775/1 од 16. 10. 2015-та година со кое тој е распореден на работно место „Виш инспектор во тим за обука“ во Единица за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“.

Значи, видливо од диспозитивот на ова цитирано Решение, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија м-р Митко Чавков токму со интенција да го почитува членот 50 став 3 од Законот за кривична постапка не изврши било какво разрешување или распоредување на друго работно место на истражителот Примислав Димовски, туку само констатираше дека се поништени правните последици од незаконските решенија за овој работник и констатираше кое Решение останува во сила, бидејќи во спротивно тој работник нема да можеше да го сочува правниот континуитет на неговиот работен однос во Министерството за внатрешни работи.

Во овој контекст се и последните Пресуди и Решенија на Управниот суд на Република Македонија со кои се потврдува дека поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски ги повредил административните процедури при носењето на ваквите Решенија за распоредување и дека поништените Решенија за распоредување, цитираме : „се отстранети од правниот поредок и не произведуваат правно дејство“.

Неоспорен е заклучокот дека министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков ниту во минатото ниту сега го оспорува или попречува ангажманот на полицискиот службеник Примислав Димовски, како и на сите останати полициски службеници доделени на работа на Специјалното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, туку само согласно своите законски надлежности и обврски ги презема сите мерки и активности за имплементација на легалните и легитимните Одлуки на Владата на Република Македонија, коишто веќе секојдневно се потврдуваат и од надлежните судски инстанци.Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе продолжи силно да ја поддржува работата на оваа исклучително значајна институција во нашата држава, игнорирајќи ги неоснованите закани за кривична одговорност и клеветите од најдолен вид дистрибуирани од страна на дел од медиумите, а со кои безуспешно се настојува да се поткопа досегашната коректна соработка помеѓу нашите две институции. /крај/мф

Извор: Макфакс

Македонија

Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде

Објавено пред

Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.

dobivaj vesti na viber

Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија  потекнува од нашата држава.

„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство  сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.

Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.

МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје

Објавено пред

Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.

dobivaj vesti na viber

„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во

Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија16 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија17 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија18 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија18 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет19 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет20 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија23 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија23 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија1 ден

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија2 дена

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија2 дена

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 дена

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 дена

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет2 дена

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет2 дена

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...