Македонија
Џеват Адеми учествува на Парламентарното собрание на франкофонијата

Од вторник до петок, во Берн, Швајцарија, ќе се одржи 41. Годишна сесија на Парламентарното собрание на франкофонијата (ПСФ), на која ќе учествува пратеникот Џеват Адеми, претседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на франкофонијата.
На оваа сесија на Парламентарното собрание на франкофонијата, ќе учествуваат делегации на 79 секции на земји и региони, членки на ПСФ.Паралелно со одржувањето на оваа сесија, се одржува и Седмата сесија на Парламентот на младите франкофони на Парламентарното собрание на франкофонијата.Во агендата на сесијата е генералната дебата за „Охрабрување на пристапот до квалитетна обука за сите – приоритетен предизвик за Франкофонијата”, ќе се разгледуваат извештајот на парламентарниот генерален секретар на Парламентарното собрание на франкофонијата, Паскал Терас, извештаите на комисиите на Парламентарното собрание на франкофонијата, усвојување на предлог-резолуции и препораки, како и други прашања поврзани со соработката меѓу парламентите од франкофонските земји. Членот на македонската делегација ќе оствари и билатерални средби со неговите колеги од националните парламенти и ќе размени мислења за прашања од заемен интерес./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граѓаните во недела ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела ( 19 октомври ) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај на телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Исто така, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488, се истакнува во соопштението од Народниот правобранител.
„Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.
Македонија
Карајанова-Димитрушева: Град Скопје мора да биде гарант дека лицата со попреченост нема да бидат оставени сами пред бирократијата

Носителката на листата за советници во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Карајанова Димитрушева, најавува конкретни мерки за пристапни здравствени услуги и системска поддршка за лица со хронични состојби во главниот град.
„Како личност која долго се бори со хронична болест, знам дека вистинската грижа значи достапни услуги, предвидливи процедури и пристап до помош кога е потребна. Ќе инсистирам на воспоставување брзи канали за пристап до специјалисти и мобилни тимови за поддршка“, истакнува Карајанова Димитрушева.
Таа најавува и проактивна улога на градот во превенцијата и рехабилитацијата.
„Град Скопје ќе финансира редовни превентивни прегледи, психосоцијална поддршка и програми за рехабилитација. Градот мора да биде гарант дека пациентите нема да бидат оставени сами пред бирократијата“, порачува Карајанова Димитрушева.
Карајанова Димитрушева додава дека не станува збор за милост, тука за основно човеково право.
„За достоинство. Ќе создадеме мрежа за поддршка што ја разбира реалноста на животот со хронични состојби“, порачува Карајанова Димитрушева, притоа упатувајќи повик до граѓаните ако сакаат грижата да стане дел од локалната политика да го заокружат бројот 8 на гласачкото ливче.
Македонија
Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што, како што кажа, Македонија, по осум години, конечно добива современ и сеопфатен план за дигитален развој.
„Овој документ претставува патоказ за тоа како нашата држава ќе ја оствари својата дигитална иднина – усогласена со европските вредности и стандарди за Дигитална декада 2030, но и македонската визија и потреби“, истакна министерот Андоновски.
„СМАРТ/МК 2030“ е национален документ, дел од поширока европска дигитална агенда за развој. Како земја кандидат, Македонија ја прифаќа рамката на Европската дигитална декада, која предвидува четири цели до 2030 година: дигитално обучени граѓани и квалификувани ИКТ експерти, безбедна и поврзана инфраструктура, дигитализирани јавни услуги и дигитално интегрирани бизниси.
„Нашата стратегија директно ги следи овие европски приоритети. Таа ја зајакнува институционалната конвергенција со земјите членки, создава можности за учество во европските дигитални програми, и овозможува пристап до финансиски инструменти и техничка помош од Европската Унија. Со неа, стануваме активен дел од Европската дигитална заедница – како партнер што придонесува со сопствени знаења, решенија и иновации“, рече министерот Андоновски.
Додаде дека оваа стратегија е резултат на широк и инклузивен процес. Се одржаа десетици јавни расправи и online консултации. Во нејзината подготовка беа вклучени над 300 експерти, институции, стопански комори, невладини организации, универзитети и претставници од ИКТ индустријата.
„Секоја препорака, секоја мерка и секој приоритет произлегува од заеднички консензус – како да изградиме дигитална Македонија што ги обединува сите општествени сектори“, рече Андоновски.