Македонија
Радош: ЕУ треба поефикасно да спречи блокада од една земја за влез на друга во унијата
На ЕУ и требаат поефикасни техники за да спречи некои земји членки да го блокираат процесот на пристап до ЕУ на други земји во Унијата , вели европртеникот Јозо Радош, хрватски претставник во Европскиот парламент во АЛДЕ парламентарната група, за портпалот European Western Balkans.
„Формално Грција има можност да ја блокира Македонија во пристапувањето во Европската унија, но несфатливо е што Грција тоа го прави со уценувачки манири. Губењето на европската перспектива и фрустрацијата во односите со грција прионесуваат да се намали интересто за ЕУ. Внатрешните предизвици во земјата меѓу власта и опозицијата заедно со полу-функционалната држава и можното проширување на внатрешно етничките конфликти се скриени закани за земјата. Блокадата на отворените преговори меѓу ЕУ и Македонија не помагаат на постоечките проблеми во земјата. Се надевам дека моментлната криза во Грција ќе биде искористена за да се најде решение за билатералните прашања. На ЕУ и требаат поефикасни техники за да спречи некои земји членки да го блокираат процесот на пристап до ЕУ на други земји во Унијата“, вели Радош, прашан кои се перспективите на Македонија, ако се знае дека Грција ја блокира на евроскиот пат, поради разликите околу името на државата.Тој потсетува дека Хрватска беше блокирана од Словенија во три наврати, на база на билатерални спорови што не беа поврзани со критериумите за влез во ЕУ или со европските вредности. „Нема да навлегувам во правната природа на проблемот, но резултатот на крај е катастрофален и преголем за ЕУ, Македонија и делумно за целиот Западен Балкан. Сите земји во Западен Балкан се поврзани и напредокот на една земја секогаш ги повлекува и другите. Од таа гледна точка грчката блокада е многу штетна“, додава Радош./крај/ewb/бб
Извор: European Western Balkans
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.