Контакт

Дијаспора

Австралиските медиуми ја призна Македонија под уставното име

Објавено пред

Обединети македонски организации на западна Австралија е новоформирано тело на речиси сите македонски организации, цркви, групи и друштва во Перт, и како македонски иселеници и Австралијци со македонско потекло, а нивата цел е да ги „заштитат“ интересите на „нашиот народ и нашата татковина Македонија“ во австралиската јавност, како и низ целото иселеништво и во татковина, велат од организацијата.

dobivaj vesti na viber

„Затоа, како претставници на македонскиот народ надвор од Македонија, ние ја осудуваме грчката „Пан-македонска Асоциација на Мелбурн и Викторија“’ за нивната изјава пратена до сите главни медиуми низ Австралија против користењето на уставното име на Република Македонија од страна на австралските медиуми“, стои во соопштението на организацијата.

„Како заедница што ја изгради Австралија со труд и солзи, нема да дозволиме некој да ни каже кои сме и од каде сме дошле, ниту пак како се вика нашата татковина. 135 земји низ светот ја признават Македонија под уставното име и со нетрпение ја чекаме Владата на Австралија да ги стави настрана политиките на грчките лобисти во оваа држава и да ја следат одлуката на австралиските медиуми за користењето на уставното име на Република Македонија“, порачуваат од оваа организација./крај/мф/бс

Извор:

Дијаспора

Муцунски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Објавено пред

Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Клубот претставува спортски симбол на македонската заедница и ја негува традицијата и врските со татковината преку спортот.

„Во црвено-жолта боја, тука од Мелбурн навивавме за тимот кој е гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ напиша Муцунски во објавата на социјалните мрежи. Тој натпреварот го проследи заедно со неколку успешни македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.

Посетата на Австралија е можност за зајакнување на врските со нашите иселеници, кои имаат значајна улога во градењето мостови на соработка. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм Раѓањето на Пресвета Богородица во Мелбурн, истакнувајќи дека црквите се важен столб за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.

Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA), водечка организација во Австралија посветена на обезбедување индивидуализирана грижа за постари лица, со акцент на културната компетентност и инклузивноста. Како заеднички ориентирана организација, MCWA нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи програми за добросостојба и рехабилитација, следејќи ги најдобрите практики и регулаторни стандарди.

dobivaj vesti na viber

 

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

За две години 85.000 македонски граѓани се иселиле во Германија со што Македонија загубила 4,6 отсто од населението

Објавено пред

Истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ покажува дека во Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија. Истражувањето се повикува на последниот попис на населението во Германија (од 2022). Од оваа бројка, 158.000 биле родени во Македонија, се вели во истражувањето.

dobivaj vesti na viber

„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.

Така, за само две години, 85.000 македонски граѓани заминале во Германија, односно земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија. оценува ИПП „Арбен Џафери“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред...

Македонија5 часа

Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра...

Македонија6 часа

(Видео) Шукова: Можеби храната што ја јадеме е под ризик порди излевањето во Крива Река

Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива...

Македонија8 часа

ДУИ го повика Советот на Европа да испрати експерти кои ќе ја проценат истрагата за Кочани

Пратеничката група на Европски фронт, на чело со ДУИ во Собранието, испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот...

Култура10 часа

Филип беше ураган од љубов – во Штип се одржа комеморација за музичарот Стевановски кој загина во пожарот

Во Штип се одржа комеморацијата за директорот на штипскиот центар за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски, кој тагично го загуби...

Македонија10 часа

Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на...

Свет10 часа

Зеленски: Американците целосно го сменија договорот, чекаме правна анализа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина нема да прифати никаков договор за минералните суровини што ќе ја загрози нејзината...

Македонија1 ден

OJO: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се товари за тешки...

Македонија1 ден

Четворицата лидери на „Влен“ вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај Аљбин Курти, Таравари вели дека ќе разговараат и за локалните избори

За претстојните локални избори, како и за сите актуелни теми во земјата и во регионот, вечерва, на ифтарска вечера кај...

Македонија1 ден

Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и...

Топ1 ден

Измамници оштетија струшко семејство: им понудиле донации за болниот син, па подигале брзи кредити

Двајца измамници излажале сопружници од Струга дека ќе собираат пари за лекување на нивниот болен син и им ги зеле...

Македонија1 ден

Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден...

Македонија1 ден

Македонците и годинава ќе може да патуваат во ЕУ како досега: системот ЕТИАС одложен

Системот ЕТИАС, кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе почне на...

Македонија1 ден

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова: „На движењето ‘Кој е следен?’ не му е важна жртвата, туку агендата“

Росица Кулакова, сестрата на трагично прегазената Фросина Кулакова, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си, но и...

Топ1 ден

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот...

Свет1 ден

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: „Почна да тоне додека сè уште беа отворени челичните врати“

Шест туристи трагично загинаа откако подморница потона крај брегот на Египет додека беа на обиколка на подводните корални гребени. Вкупно...

Регион1 ден

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел...

Свет1 ден

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...