Контакт

Дијаспора

Илинден : Нема да дозволеме гласање на нова територијална поделба

Објавено пред

„Општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни бидеќи таму живе голем дел од македонското малцинство во Албанија. Со припојувањето на општините во Голо Брдо и Гора за македонското национално малцинство во Република Албанија се прави огромен чекор назад во почитувањето на правата на Македонците“, се вели во реакцијата на Македонското друштво „Илинден“ кое се противи на новата мапа на административно – територијалната поделба во Албанија.

„Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Огранок Голо Брдо, бара и општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни бидејќи таму живе голем дел на македонското малцинство“, се вели во реакцијата.

 

Од таму изразија надеж дека парламентот на Република Албанија, нема да дозволи да гласа новата мапа на административно-територијална поделба, а раководството на „Илинден“ најави дека  ќе се користат сите демократски средства за да не се дозволи гласање на ваква територијална поделба во Собранието  на Албанија .

 

Албанскиот весникот „Идеа “ информира дека во Голо Брдо се бара да останат трите досегашни општини во оваа област – Острени, Требиште и Стеблево,  каде што живеат и Македонци . Според весникот населението нагласува дека има подршка од македонската партија и здруженијата  и ако не се остварат нивните барања тие ќе покренат иницијатива со која ќе бара овие области  да се припојат со Македонија ./крај/мф/мн

 

Дијаспора

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

Објавено пред

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа е плод на 66 годишен развој на тоталитарната националистичка мисла и организиран прогон на македонското малцинство во Бугарија. Неизлечениот тоталитаризмот од внатрешен проблем сега станува меѓународен – Бугарија се обидува да претвори во услов за членство во Европската Унија прифаќањето на нејзината дискриминаторска политика. Се обидува да го негира и смени идентитетот на луѓето во Македонија како што непречено го прави тоа веќе 66 години со Македонците во Бугарија“, се вели во реакцијата на неколку македонски организации во Бугарија по усвоената Декларација на бугарскиот Парламент за условената поддршка на датумот за преговори за членство во ЕУ на Македонија.

Според нив, со својата политика и позиција Бугарија се стреми да ја исполни изреката дека со такви пријатели како неа на Македонија други непријатели не ѝ требаат. Таа многу брзо заборави како Македонија некогаш ја пушти да почне преговори за ЕУ без да ѝ поставува услови.

,,Владата на Бугарија треба да престане да се преправа дека македонско малцинство не постои. Нема зошто да им се заканувате за нас на други држави. Не го поставуваат тие тоа прашање, туку ние, граѓаните на Бугарија со македонска самосвест. Наместо да продолжи да го игра овој театар на сенките, подостојно би било Бугарија да ги прифати препораките на сите меѓународни институции и да почне да разговара со претставниците на македонското малцинство. Треба да ја запре дискриминацијата и асимилацијата и да почне да ја применува Рамковната конвенција за правата на малцинствата.

Позицијата на Бугарија директно ги нарушува фундаменталните принципи на демократијата, правата на човекот и меѓународниот поредок. Таа е директно насочени против:принципот на слобода на национално, етничка и јазична самоидентификација;принципот за суверена еднаквост на државите и забрана за мешање во внатрешни работи на други држави;исклучокот од горното правило според кој правата на припадниците на националните малцинства се составен дел од меѓународната заштита на човековите права и нивната заштита не се третира како мешање во внатрешната работа на државите, слободата на мислење и изразување, академската слобода, и слободата на научните истражувања;правото на образование, на приватен и семеен живот и пристапот кон културата и културното наследство…

Позицијата е скандалозна по содржина, апсурден обид да се зачува една тоталитарна идеологија и претвори во услов за членство во Европоската Унија. Бугарија не смее да ја злоупотребува својата позиција на членка на ЕУ за да шири и наметнува тоталитарни практики. Таа треба да запре да ги користи политичките инструменти за да ја искривува научната вистина, да се обидува да ја пренапише историјата и да им го менува идентитетот на луѓето, дури до степен да негира меѓународно признат и изучуван низ универзитетите низ светот јазик и да го претвора неговото објективно постоење во политички проблем. Политиката треба да се базира на реалности, а не на фикции од комунистичкото минато. Крајно време е бугарските демократи да го остават духот на Тодор Живков конечно да си отиде„, се вели во соопштението.

Тие сметаат дека е лицемерно и срамно е да бараш од другите она што ти самиот на го правиш:да бараш признавање и почитување на малцинства кога ти самиот ги негираш и дискриминираш малцинствата; да претендираш за рехабилитација на жртви на национална дискриминација, кога самиот ги немаш признаено и оправдано стотиците свои граѓани убиени или праќани во затвори и логори, илјадниците иселувани, тепани, бркани од работа и малтретирани на различни начини заради својата македонска самоопределба и самосвест;да се жалиш нa говор на омраза кога кај тебе таа е неофицијално озаконета и претворена во норма на поведение;да се жалиш од дискриминација кога постојано го правиш тоа.

,,Бугарија бара да измисли раска во окото на Македонија занемарувајќи и оправдувајќи ги гредите во своето. Фактите се неспорни. Бугарија е осудена 13 пати во Стразбур за тоа што ги дискриминира Македонците, додека Македонија е осудена само еднаш за дискриминација на Бугари.

Ја повикуваме Бугарија како членка на ЕУ да ѝ даде пример на Македонија откако самата ќе ги примени европските принципи, да почне да ги почитува правата на Македонците во Бугарија, да го запре говорот на омраза и да даде пример за добрососедство откажувајќи се од сите услови кои не се дел од нормалните услови за европска интеграција, како и од намерата да ја злоупотреби својата позиција на земја членка.Да ѝ стави крај на политиката на негирање, дискриминирање и асимилирање на Македонците – последната тоталитарна политика во европскиот сојуз.

Го повикуваме европскиот сојуз и секоја држава членка да ја вразумат Владата на Бугарија и да не ѝ дозволуваат да ја срамоти ЕУ со апсурдните услови што ги поставува и да побараат од неа – самата да ги исполни условите задолжителни за секоја една европска членка.Ние нема да престанеме да постоиме само затоа што на некого во Софија многу му се сака и му се верува дека не треба да не има“, се вели во писмото чии потписници се ОМО „Илинден“-ПИРИН, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, Граѓанско друштво за заштита на основни индивидуални човекови права, Македонски дискусионен клуб за етничка толерантност, Правозаштитен комитет Толерантност, весникот „Народна волја“ и билтенот „Македонски глас“.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Форум за демократска Македонија: „Рекет“ или „Диафарм“ мораат да имаат правна разрешница

Објавено пред

Форумот за демократска Македонија (#ФДМ) – натпартиска и мултиетничка организација на македонски иселеници, повторно изразува сериозна загриженост по повод политичките случувања во државата во изминатите неколку месеци.

ФДМ, следејќи ги последните случувања, цени дека продолжува нефункционирање на правната држава и институциите, се оддолжуваат неопходните реформи и ветените системски решенија. Низата неодамнешни настани укажуваат на немање доволен капацитет, неподготвеноста, неволноста и неспособноста на институциите за справување со тековните предизвици како што се корупцијата и злоупотребата на моќ, што, пак, остава простор за многу шпекулации. Институциите на системот мораат да покажат дека правната држава функционира, без разлика од каде доаѓа криминалот и високата корупција. Случаите како „Рекет“ или „Диафарм“ мораат да имаат правна разрешница, мета организацијата.

Според нив, и покрај тоа што сметаме дека законот за ЈО треба да биде изготвен од правната и стручна јавност, а не од партиите, законот требаше и да ја покаже способноста за надминување на дневно политичкото поентирање меѓу власта и опозицијата и поставување на државните интереси во прв план, со што ќе се покажевме во светлото на функционална демократија од западен стил.

„За жал, во тој поглед партиите не се надминаа себеси, и политичкиот компромис повторно го наоѓаат на сметка на републиката, наместо во нивните партиски интереси. Владеење на правото, односно борбата со корупцијата е можеби најголемиот приоритет на земјата на патот кон ЕУ и НАТО. И ние стоиме зад забелешките кои доаѓаат од меѓународната заедница токму на овој план.

Во моментов нашата татковина e истрошена и безнадежна како резултат на долгогодишната катастрофална политика на партиите на власт. Граѓаните се изморени од кризата, а особено младата генерација која масовно ја напушта државата. Апатијата што го зафати општеството ќе резултира со уште поголема апстиненција на следните избори , што ќе го доведе до прашање нивниот легитимитет. ФДМ бара од владејачката коолиција да ги преземе сите можни законски мерки за расветлување на случаите и да ја утврди и обелодени одговорноста на сите кои биле вклучени. Сè  друго ќе ја зголеми веќе постоечката недоверба на граѓаните во институциите и капацитетот на оваа влада да ја води земјата кон декларираните цели, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Почина Јордан Костадинов, лидер на ОМО Илинден

Објавено пред

По кратко боледување, во осумдесет и седмата година од животот, почина Јордан Костадинов Иванов во својот дом во Сандански. Јордан Костадинов е роден на 9 ноември 1932 година во село Врапче, Пиринска Македонија.

Јордан Костадинов е македонски национален деец од пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците во Бугарија и познат на македонската јавност и на Македонците во светот. Како македонски национален активист во периодот до деведесеттите години од минатиот век бил двапати затворан од бугарската власт, секогаш со задолжителен престој во најтешки затворски услови.

Во 1990 е еден од основачите на македонската организација ОМО Илинден и нејзин лидер. Целиот свој живот го посвети за човековите и националните права на Македонците во Бугарија како бескомпромисен и смел борец за македонската кауза. Лично, со неговите соборци од организацијата, во повеќе наврати поведе судска постапка пред Судот за човекови права во Стразбур и повеќепати во Бугарија беше осуден за кршење на човековите права.

Погребот на Јордан Костадинов ќе биде утре во 10 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет7 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет8 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ12 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија12 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа14 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија14 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ15 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет15 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија16 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет17 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија17 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија17 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион18 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа18 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет18 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија19 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет19 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија20 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион20 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Досие