Контакт

Дијаспора

Илинден: Владата во Тирана не направи ништо за подобрување на положбата на Македонците

Објавено пред

И покрај ветуавњата што ги даде албанската левица пред да дојде на власт, за што подршка доби и од страна на македонската партија МАЕИ, сепак, нејзината влада досега ништо не стори во врска со подобрувањето на ситуацијата и условите за Македионците во Албанија.

dobivaj vesti na viber

Оваа оцена ја изнесува во понеделникот македонското здружение Илинден, според кое во ниту една област нема напредок на состојбите во однос на македонската заедници во соседна Албанија.

Претседателот на Илинден, Никола Гурѓај, изјави дека Македонците не се задоволни од Владата во Тирана и оти бараат веднаш да се преземаат марки за да се подобри нивната положба.

Во областите Голо Брдо и во Гора, македонското население живее во тешки услови, а слична е состојбата и во Мала Преспа. Патиштата се во катастрофална состојба, а таква е состојбата и со водноснабдувањето и со училиштата, рече Ѓурај

Лидерот на здружението Илинден нагласува дека не е направен ниту еден чекор нанапред ниту во однос на образованието на мајчин јазик на Македонците, ниту, пак, во сферата на развојот на националната македонска култура или, пак, во сферата на информирањето.

Според членовите на Илинден, засега воопшто ништо не е преземено од страна на владата на премиерот Еди Рама во врска со подобрувањето на положбата на македонското малцинство во Албанија, и покрај големите предизборни ветувања./крај/мф/мн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Дијаспора

Муцунски се сретна со македонските иселеници  во Шведска

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска. Фокусот на првиот ден од посетата беше ставен на бројната македонска дијаспора – при што ја посети и присуствуваше на литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, се сретна со претставници на дијаспората и со македонски стопанственици кои работат и инвестираат во Шведска.

dobivaj vesti na viber

„Посетата на црквата ’Св. Наум Охридски’ во Малме и средбата со македонската заедница, како прв министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија во оваа црква, беа можност за разговор за нивните иницијативи, предизвици и очекувања. Се разговараше и за владините политики насочени кон унапредување на односите со дијаспората, при што беше потврден значајниот придонес на македонската заедница во јакнењето на односите меѓу двете држави. Во шведскиот град Трелеборг, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора, министерот Муцунски се сретна со македонски стопанственици кои успешно делуваат во Шведска. Во фокусот на средбата беа можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, јакнењето на економската соработка и активната улога на дијаспората во економскиот развој на државата“, известија од Министерството за надворешни работи.

Утре министерот Муцунски предвидено е да има средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергрард.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Муцунски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Објавено пред

Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Клубот претставува спортски симбол на македонската заедница и ја негува традицијата и врските со татковината преку спортот.

„Во црвено-жолта боја, тука од Мелбурн навивавме за тимот кој е гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ напиша Муцунски во објавата на социјалните мрежи. Тој натпреварот го проследи заедно со неколку успешни македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.

Посетата на Австралија е можност за зајакнување на врските со нашите иселеници, кои имаат значајна улога во градењето мостови на соработка. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм Раѓањето на Пресвета Богородица во Мелбурн, истакнувајќи дека црквите се важен столб за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.

Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA), водечка организација во Австралија посветена на обезбедување индивидуализирана грижа за постари лица, со акцент на културната компетентност и инклузивноста. Како заеднички ориентирана организација, MCWA нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи програми за добросостојба и рехабилитација, следејќи ги најдобрите практики и регулаторни стандарди.

dobivaj vesti na viber

 

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија4 часа

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија5 часа

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет5 часа

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија6 часа

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија8 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија8 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет9 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет10 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион10 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет10 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет10 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија11 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија11 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет20 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија1 ден

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија1 ден

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...