Контакт

Дијаспора

МИА: Грција уште еднаш осудена за нерегистрација на Домот на Македонците во Лерин

Објавено пред

– Центарот на Лерин

dobivaj vesti na viber

Седумнаесет години по првата пресуда, од 1998 година, во полза на претставниците на македонското малцинство во Грција кои побараа регистрација на нивното здружение Дом на македонската цивилизација, Европскиот суд за човекови права од Стразбур, донесе нова пресуда со која се вели дека Грција повторно го прекршила членот 11 од Европската конвенција за човекови права (правото на слободно здружување), одбивајќи да го регистрира здружението, пренесува Македонската инфоемативна агенција (МИА).

Седумнаесет години по првата пресуда, од 1998 година, во полза на претставниците на македонското малцинство во Грција кои побараа регистрација на нивното здружение Дом на македонската цивилизација, Европскиот суд за човекови права од Стразбур, донесе нова пресуда со која се вели дека Грција повторно го прекршила членот 11 од Европската конвенција за човекови права (правото на слободно здружување), одбивајќи да го регистрира здружението, пренесува Македонската инфоемативна агенција (МИА).

Жалбата е поднесена од “Домот на македонската цивилизација” и седум грчки државјани, кои го претставуваат оваа здружение. Случајот се однесува на одбивањето на грчките власти официјално да го регистрираат постоењето на нивното здружение “Дом на македонската цивилизација”, чија главна цел е промоција и развој на македонската цивилизација и нејзините традиции, пренесува МИА.

На 12 јуни, 1990 година, членови на привремениот Извршен комитет на Здружението достави до Основниот суд во Лерин барање за регистрација на нивното здружување, според член 79 од Граѓанскиот законик.

Ова барање е одбиено, одлука која беше потврдена од страна на Апелациониот суд во Солун и на Касациониот суд (Врховниот суд) на Грција. Фактите за овој случај се наведени во предметот Сидиропулос и другите против Грција, во пресудата на Европскиот суд за човекови права од 10 јули 1998 година.

Во таа пресуда од 1998 година, Европскиот суд утврди прекршување на членот 11 од Конвенцијата во врска со одбивањето на барањето за регистрација на Здружението од страна на Грција.

На 19 јуни 2003 година, двајца од поднесувачите на жалбата со уште неколкумина други одлучија да го создадат повторно здружението “Дом на македонската цивилизација”, чие седиште е утврдено во Лерин.

На 24 јули 2003 година, Здружението поднесе барање за негова регистрација во Основниот суд во Лерин. На 19 декември, истата година, судот го одби барањето со образложение дека термините “македонска цивилизација”, кој се користи во Статутот на Здружението може да создаде забуна. Според судот, терминот “македонски”, може да се користи само во неговата историска и географска смисла.

Судот од Лерин, се наведува, гледаше опасност за јавниот ред, од постоењето на здружението, кое може да биде искористена од страна на оние кои го поттикнуваат создавањето на македонската нација, која, според судот, никогаш не постоеле во минатото.

На 15 септември 2004 година, Здружението поднесе жалба, тврдејќи дека одлуката ја занемари пресудата Сидеропулос и другите.

На 16 декември 2005 година, Апелациониот суд ја потврди одлуката.

Според него, апликатите покренале безпредметни прашања за „македонската цивилизацијата и јазик”. Употребата на терминот “македонски”, и целта прокламирана во статутот противречи на јавниот ред и ја загрозуваат хармоничната симбиоза на три жители во регионот на Лерин и мирот во Грција.

Касациониот суд ја одби, исто така, жалбата на жалителите.

„Домот на македонската цивилизација и другите против Грција“, е предметот заведен под бројот 1295/10 во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Повикувајќи се особено на член 11 (слобода на собирање и здружување), жалителите се жалеа до Европскиот суд за човекови права во Стразбур за одбивањето на нивното барање за регистрација.

Судот од Стразбур во пресудата објавена на 9 јули заклучува дека има повреда на членот 11 од страна на Грција, при што на поднесувачите на жалбата им досудува Правичен надоместок од 10.000 евра (ЕУР) за морална штета и 2.000 евра за надоместок за трошоци./крај/миа/мф

Извор: МИА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

За две години 85.000 македонски граѓани се иселиле во Германија со што Македонија загубила 4,6 отсто од населението

Објавено пред

Истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ покажува дека во Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија. Истражувањето се повикува на последниот попис на населението во Германија (од 2022). Од оваа бројка, 158.000 биле родени во Македонија, се вели во истражувањето.

dobivaj vesti na viber

„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.

Така, за само две години, 85.000 македонски граѓани заминале во Германија, односно земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија. оценува ИПП „Арбен Џафери“.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

МНР ги охрабрува Македонците во Албанија да се попишат како Македонци

Објавено пред

Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели, Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, се вели во соопштението од МНР.

dobivaj vesti na viber

Од македонското МНР велат дека „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство“.

Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.

Северна Македонија и Албанија се земји со исклучителни пријателски односи. Министерството за надворешни работи и институциите на Република Северна Македонија ќе останат во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија, исто како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашањата кои ги засегаат идентитетските прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија3 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија4 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ7 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија7 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет9 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет9 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет10 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион10 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет10 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија21 час

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија21 час

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија22 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...