Контакт

Дијаспора

Смагранов – ОМК: Дестабилизацијата мора веднаш да биде сопрена!

Објавено пред

„Доста е со нападите врз нашата земја! Ова мора да сопре веднаш! Премногу долго трае. Која сериозна држава во светот би толерирала група неизбрани поединци да ѝ се заканува на влада избрана од народот? Ниту една држава во светот не би толерирала ваква дестабилизација и организација на државен удар…“ изјави, Џими – Мирче Смагранов, претседател на Обединетите Македонци во Канада (ОМК), за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце

dobivaj vesti na viber

Долгогодишниот претседател на ОМК, во разговорот додава дека „Македонците од Канада гордо испраќаат милијарди во приходите секоја година. Тие се чувствуваат Македонци, се Македонци и очекуваме нашиот глас да биде слушнат гласно и јасно..!“.

„Ние знаеме дека премиерот избран од народот на Македонија е вистински патриот кој ја сака својата земја“, рече Смагранов. „Ние стоиме зад него во борбата да ја одбрани Македонија. Груевски има визија и план да ги подобри животите на Македонците. Тој беше успешен во создавањето на работни места, изградбата на фабрики, нови патишта, трансконтинентални цевководи, ги подржа инвестициите во модерно земјоделство, со што го покачи животниот стандард на земјоделците. Тој работи на проширување на туристичкиот сектор, на изградба на нови болници и здравствени установи и ја обнови гордоста на нашиот народ. Економската ситуација драматично се подобри со Груевски“, истакна Смагранов. Претседателот на една од најстарите македонски асоцијациии во Канада го псотави прашањето „… А што сторија Заев и неговата опозициска СДСМ? Немат ништо да понудат, Заев сака да дојде на власт со бојкоти, провокации, бомби и закани. Се фали дека зад него стојат моќни странски куклари. Но, тоа не функционира, дури и децата во Македонија ја разбраа неговата валкана игра… Доста е! Ние не сме Украина. Постои огромна разлика. Владата на Украина им се продаде на Сорос и на НАТО, нашата влада и нашиот народ никогаш нема да се предадат! Македонските судови мора да си ја завршат работата и да го казнат криминалот против Уставот. Опозицијата мора да се врати во парламентот… Доста е со соросовите напади врз нашата земја! Доста е со маневрите на моќните влади, вклучувајќи ја, жал ми е што морам да кажам, и владата на САД. Дестабилизацијата мора веднаш да биде сопрена!“, нагласува Смагранов Организацијата на обединети Македонци од Канада е најстарата и највлијателна организација на македонската дијаспора и Смагранов вели дека Македонците од Канада јасно ставија на знаење дека се решени „да го одработат својот дел во одбраната на Македонија и избраната влада на Никола Груевски од странските непријатели и домашните предавници“./крај/мф/ст

Извор: Макфакс

Дијаспора

Муцунски се сретна со македонските иселеници  во Шведска

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска. Фокусот на првиот ден од посетата беше ставен на бројната македонска дијаспора – при што ја посети и присуствуваше на литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, се сретна со претставници на дијаспората и со македонски стопанственици кои работат и инвестираат во Шведска.

dobivaj vesti na viber

„Посетата на црквата ’Св. Наум Охридски’ во Малме и средбата со македонската заедница, како прв министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија во оваа црква, беа можност за разговор за нивните иницијативи, предизвици и очекувања. Се разговараше и за владините политики насочени кон унапредување на односите со дијаспората, при што беше потврден значајниот придонес на македонската заедница во јакнењето на односите меѓу двете држави. Во шведскиот град Трелеборг, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора, министерот Муцунски се сретна со македонски стопанственици кои успешно делуваат во Шведска. Во фокусот на средбата беа можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, јакнењето на економската соработка и активната улога на дијаспората во економскиот развој на државата“, известија од Министерството за надворешни работи.

Утре министерот Муцунски предвидено е да има средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергрард.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Муцунски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Објавено пред

Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Клубот претставува спортски симбол на македонската заедница и ја негува традицијата и врските со татковината преку спортот.

„Во црвено-жолта боја, тука од Мелбурн навивавме за тимот кој е гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ напиша Муцунски во објавата на социјалните мрежи. Тој натпреварот го проследи заедно со неколку успешни македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.

Посетата на Австралија е можност за зајакнување на врските со нашите иселеници, кои имаат значајна улога во градењето мостови на соработка. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм Раѓањето на Пресвета Богородица во Мелбурн, истакнувајќи дека црквите се важен столб за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.

Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA), водечка организација во Австралија посветена на обезбедување индивидуализирана грижа за постари лица, со акцент на културната компетентност и инклузивноста. Како заеднички ориентирана организација, MCWA нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи програми за добросостојба и рехабилитација, следејќи ги најдобрите практики и регулаторни стандарди.

dobivaj vesti na viber

 

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет4 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет6 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет8 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет8 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет9 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет10 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет10 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет10 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...