Контакт

Македонија

Дијаспората може да се пријави за гласање на апликацијата од ДИК

Објавено пред

Државната изборна комисија (ДИК) во среда на својата веб-страна ќе објави посебна апликација за пријавување за гласање на државјаните на Република Македонија кои живеат во странство за предвремените парламентарни избори на 11 декември. 

Комисијата, во вторник доцна попладне го усвои Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремените парламентарни избори на 11 декември, во којшто е предвидено пријавувањето за гласање на македонските државјани да започне од распишувањето на изборите и да трае до 11 ноември, кога завршува јавниот увид во Избирачкиот список за сите лица со право на глас. На седницата членовите на ДИК ја најавија оваа посебна апликација преку која македонските државјани што живеат надвор од државата ќе треба да пополнат пријава за гласање. Оние околу 80.000 што ги има во базата на МВР и се обележани во Избирачкиот список како иселени, ќе треба само да ја пополнат пријавата, додека другите кои не живеат во земјата повеќе од три месеци ќе треба да приложат соодветни документи како доказ дека живеат надвор од Македонија. Јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија на ДИК и месните канцеларии ќе започне на 28 октомври и ќе трае петнаесет дена односно до 11 ноември.  За време на јавниот увид, право да се пријават за гласање ќе имаат и 30.447 гласачи кои беа со спорни записи за време на последното прочистување на Избирачкиот список.ДИК очекува од Министерството за внатрешни работи до нив да бидат доставени податоци за лица кои наполниле или ќе наполнат 18 години до денот на изборите, како и нивни фотографии кои ќе бидат приложени во Избирачкиот список. Според актуелните законски прописи, Избирачкиот список за овие избори освен податоци за гласачите ќе содржи и фотографии, што би требало да ги намали шансите за изборни злоупотреби и нерегуларности. Роковникот предвидува листите на кандидати за пратеници политичките партии и независните кандидати да ги достават до ДИК најдоцна до 11 ноември на полноќ. Изборната кампања започнува на 21 ноември, а завршува на 9 декември.Од распишувањето на изборите стапија на сила и роковите кои се однесуваат на радиодифузерите и медиумите./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството

Објавено пред

Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Мандиќ пред обвинителката Вилма Русковска треба да даде исказ за случајот поврзан со работата на невладината „Меѓународен сојуз“, каде таа е заменичка на Јовановски.

Таа се сомничи за измама и перење пари, кои Јовановски наводно ги земал од бизнисмени за изградба на европски центри за возрасни лица, преку сметки на приватни лица.

Мандиќ се наоѓа во куќен притвор повеќе од два месеца, откако судот позитивно одговори на барањето од обвинителката Вилма Русквоска која побара ваква мерка поради превентива од бегство, уништување на докази и влијание врз сведоци.

Освен заменик-претседателката на „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ, Обвинителството за делата „измама“ и „перење пари“ ги сомничи и таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистенката на Јовановски – Христина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

По Мандиќ, со документи од „Меѓународниот сојуз“ дојде нејзиниот бранител, Душко Јанковиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорчев во посета на САД: Зголемена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на предвремените избори

Објавено пред

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, при посета на Вашингтон оствари средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот, како и со Џил Дитрих од канцеларијата за Македонија во Стејт департментот.

Како што информираат од партијата, на средбата Ѓорчев ги информирал соговорниците за актуелната политичко економска состојба во Македонија, а нагласил и за зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на предвремените парламентарни избори.

„Разговаравме за билатералните односи меѓу Македонија и САД. Пријателството и сојузништвото со САД се меѓу приоритетите на нашата надворешна политика. Затоа, ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка во делот на меѓународните односи, одбраната, економијата, инвестициите, дипломатијата и сите други области“, истакна претставникот на опозициската партија по средбите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Објавено пред

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детално урбанистичкиот план кој, како што велат, може да предизвика лизгање на големи земјани маси поради градење во заштитно зеленило под брдото, кој го загрозува сообраќајот и кој отвора можност за градежна инвазија и градење на населба која навлегува во заштитното подрачје на Парк-шумата Водно.

Жителите на оваа скопска населба најавуваат тужби против општината и градоначалникот Стефан Богоев. Тие велат дека општината ја закажала јавната седница за утре во 15 и 30 часот и бараат наместо тогаш да се одржи по 17 часот кога би можеле да присуствуваат повеќе жители, со оглед на тоа што на повеќето работното време им е до 16 или 17 часот.

„Веќе е поднесена преставка пред уставниот суд за преиспитување на носење на новиот регулациски план донесен во јуни 2018 година од страна на Град Скопје и каде на чуден начин е поделена населбата и споена со т.н. Шпанско село, а сè со цел да може да се издејствува помала густина на населението. На тој начин ќе може да се вцртуваат нови градби, без ограничувања и без да се запазат законските нормативи за сообраќај и живеење. Целата постапка е контравезна уште од самиот почеток кога во сред лето беше распишана јавна презентација со непрофесионално изработениот предлог ДУП, а сега пред нова година пред славата свети Никола се брза да се донесе ДУП , кој може да предизвика лизгање на големи земјани маси поради градење во заштитно зеленило под брдото и во заштитниот канал од поплави. Истовремено се загрозува и сообраќајната безбедност на улица Козле и Трнодол, како и отварање на можност за градежна инвазија и градење на населба, која навлегува во заштитното подрачје на Парк шумата Водно, а која ќе се протега над контравезното Шпанско село и над населбите Трнодол, Жданец и Козле , а до која е планирано да се пристигнува преку планираната јужна обиколница и сервисниот пат кои треба да поминува низ самата населбата Трнодол по несоодветни и тесни улици“, велат жителите.

Со еден збор, додаваат тие, се планира нова населба која би била копија на онаа околу бившиот хотел „Панорама“ а која повеќе би наликувала на Дебар Маало отколку на Парк- шума како што засега се именува.

Според нив, спорен детал се и маркиците за градба кои се директно позиционирани врз каналот што ги собира водите од планината, а планираните петкатници ќе го загрозат слободниот проток на води  во случај на големи дождови и дополнително ќе го поткопаат брдото.

„Затоа од градоначалникот се бара да биде совесен и разумен и да го повлече предолжениот ДУП и согласно позитивните законски прописи за безбедно станување да предложи до советот на општината да донесе мораториум за градба и издавање дозволи за градба во ризичното подрачје како што се брдата под Трнодол и Жданец. За оваа опасност постои истражување од 2010 година нарачано од Општината и уште едно испитување кое реализирано од германската амбасада. Резултатите од тие испитување се дека населбата Трнодол лежи на потенцијално нестабилна почва. Затоа задача на Општината е  да го заштити брдото со пошумување,  зацврсти со шипови, да го регулира течењето на водите во каналите  и заштити од ерозија со ново пошумување бидејќи во овој потег има преку 120 исушени дрвја, како и да да преиспитаат сомнителните потпорни зидови под брдото позади двете веќе изградени згради на улица Козле“, велат жителите.

Спротивно од ветувањата пред минатите избори, велат тие, дека ќе се смени начинот на узурпирање на јавниот простор и заштита на Парк шумата Водно, градоначалниците продолжуваат со неразумно служење на градежните профитери.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

Прегазен пешак во Илинден

Дваесет и едногодишно момче со автомобил удрило во 79-годишен пешак, кој починал на местото на несреќата. Според информациите на полицијата,...

Македонија30 минути

(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството

Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија2 часа

Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детално урбанистичкиот план кој, како што велат, може да...

Свет3 часа

„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската амбасада по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк...

Свет3 часа

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал...

Свет3 часа

Во Виена уапсени двајца Чеченци, планирале терористички напад за Божиќ

Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр. Од...

Македонија15 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ19 часа

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија20 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет22 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт1 ден

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија1 ден

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет2 дена

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија2 дена

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ2 дена

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија2 дена

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија2 дена

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија2 дена

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Досие