Македонија
ДИК го прифати приговорот на БЕСА, можно е прегласување
Членовите на Државната изборна изборна комисја (ДИК) во петокот со шест гласови „за“ и три „против“, го усвоија еден од осумте приговори на Движењето Беса, кое се однесуваше на едно избирачко место во Гостивар, во Изборната единица 6, и донесоа одлука да се поништи гласањето на тоа избирачко место, а доколку има разлика да има прегласување на него.
Станува збор за гласачкото место 0396/1 во Гостивар. Во неделата на 11-ти декември на ова избирачко место гласале 450 лица од запишани 892 избирачи. Разликата во целата Шестата изборна единица е 307 гласа, а во ова гласачко место СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со 102 наспроти 74 гласови. На ова избирачко место, инаку ДУИ освоила најмногу – 107 гласова, Движењето БЕСА – 48, Алијансата за Албанците – 68, ДПА – 24, а ПДП освои 6 гласа. Бројот на неважечките гласачки ливчиња е 21.
Според тврдењето на опозицијата, со прегласување во избирачките места во оваа изборна единица, СДСМ ако добие повеќе гласови може да земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Изборната единица 6, победи ДУИ со 40.599 гласови кои му обезбедија 6 пратеници, а втора беше ВМРО-ДПМНЕ со 26.135 гласови кои носат 4 пратеници од оваа изборна единица, додека СДСМ доби 25.828 гласови и 3 пратеника. Но БЕСА, која е блиска опозициска партија со социјалдемократите освои 25.054 гласови, и исто така, 3 пратеника. По два мандата од „шестката“ освоија Алијансата за Албанците и ДПА.
Уште во четвртокот вечерта, откако беа одбиени седумте други преговир на Движењето, во ДИК се разви жестока и широка дебата по приговорот, а спорно беше, како што тврдат од БЕСА, тоа што гласачката Фатиме Сулејмани кога дошла на изборното место сфатила дека некој веќе го искористил нејзиното право на глас.
Од Избирачкиот одбор во четвртокот тврдеа дека потписот бил ист како во личната карта и затоа се сомневале дека тоа е обид за повторно гласање на иста личност, поради што побарале да се потпише на бел лист.
Во ДИК беа повикани на сослушување претседателот и членовите на избирачкиот одбор, како и самата Сулејмани, по што беше донесена одлука да се изврши графолошко вештачење на потписот.
Графологот одреден во ДИК во четвртокот ноќта со жрепка, во петокот утврди дека нејзиниот потпис бил фалисфикуван.
Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ смета дека е неприфатливо што овластениот претставник на СДСМ за поднесувањето на приговорите до ДИК, многу се заземал за случајот, инаку приговор поднесен од Движењето БЕСА. Таа и во петокот побара сите пет членови на Избирачкиот одбор да дојдат, што беше отфрлено со надгласување од членовите на ДИК.
Бонева очекуваше да биде отфрлен приговорот затоа што тој еден глас не влијае на резултатите од изборите. Сепак, таа напомена дека немаат начин како да утврдат како друга жена ја имала личната карта на Сулејмани и вешто го имитирала нејзиниот потпис, ако се знае дека нема пријава дека личната карта е украдена или изгубена. Што ако е била намерно дадена на друго лице.
Истакна дека за вакво кривично дело казната е затвор до три години за членовите на изборачкиот одбор.
Во ДИК во петокот вечерта се одлучува за уште два приговора поднесени од СДСМ. Досега четири од приговорите ги одби Комисијата, а два ги повлече самата партијата.
Во меѓувреме, протестот на симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ започнат во четвртокот вечерта пред зградата во која е седиштето на ДИК продолжува втор ден. Демонстрантите кои изминатата ноќ на многу ниски температира се собраа во голем број од повеќе градови од земјата, велат дека сакаат да „го одбранат“ изборниот резултат од 11-ти декември, по кој според прелиминарните конечни резултати на ДИК, нивната партија освоила 51 мандат а опозицискиот СДСМ – 49 пратеници во новиот состав на Собранието./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска се обрати на свечена академија по повод 105 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје
105 години Филозофски факултет значат повеќе од еден век умствен и духовен раст, традиција, научна извонредност и општествено созревање. Тоа е наследство што мора да го чуваме и да го негуваме. Верувам дека оваа институција и понатаму ќе биде водилка на општествената и на хуманистичката мисла, бранител на критичноста и чувар на академската слобода, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на свечената академија со која високообразовната установа го одбележа големиот јубилеј.
„Факултетот не придонесува во развојот на државата само преку образованието и науката, туку и преку својата силна стратешка улога во креирањето на националните политики. Тука се раѓале концепти и научни согледувања што го обликувале образовниот систем, културните политики, социјалните институции и многу од современите професионални практики во државата. И во овој период, Филозофскиот факултет е активно вклучен во изработката на клучни национални стратегии“, рече Јаневска изразувајќи благодарност до сите поранешни и активни професори, истражувачи и вработени на факултетот за нивната посветеност, научен придонес и визија за општеството.

Министерката потенцираше дека иако по однос на неколку теми за време на нејзиниот мандат, ставовите на МОН и факултетот се разликувале, токму таквите јавни дискусии доведуваат до креирање на најдобрите решенија за обезбедување на поквалитетно национално образование. Очекува, како што рече, Филозофскиот факултет да остане меѓу најсилните партнери на државата кои отвораат пат кон нови образовни подвизи.
Јаневска изрази уверување дека буџетот за образование ќе продолжи да се зголемува, а со тоа ќе се зголемува и поддршката за развој на високото образование и науката.
„Држава која вложува во високото образование вложува во сопствената иднина – ја јакне својата конкурентност, го унапредува демократскиот капацитет и го поттикнува општествениот развој. Продолжуваме да креираме политики што обезбедуваат автономија, дигитализирани процеси, подобра научна инфраструктура и поддршка за младите истражувачи“, рече министерката.

Освен Јаневска, на свечената академија се обратија и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески кои се согласија дека академскиот простор мора да остане место каде знаењето се претвора во визија, а визијата во општествена вредност.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла

