Македонија
ДИК го објави списокот на спорните гласачи
Државната изборна комисија на својата веб-страница го објави списокот со имињата на 39.502 гласачи кои се сметаат за спорни.
Тие во следните 25 дена треба да се пријават во ДИК и да се запишат во Избирачкиот список.Освен на официјалната веб-страница на ДИК, списокот е објавен и во подрачните одделенија на ДИК и во месните канцеларии на Министерството за правда, односно Управата за водење матични книги.Пријавувањето ќе се врши лично, со лична карта или пасош, во ДИК или во подрачните одделенија и во дополнителните одделенија на ДИК секој ден од 8.30 до 19 часот од денеска до 19 август.По истекот на овој рок, ДИК ќе има уште 10 дена на располагање за да може да направи дополнителни контроли или лично да контактира со гласачите.Освен лично, пријавување ќе се врши и преку посебна електронска апликација поставена на веб-страница на ДИК, на која треба да се прикачи скенирана фотографија од лична карта или пасош.Четирите политички партии исто така имаат право да назначат набљудувачи на секое место каде што граѓаните ќе може да се пријавуваат. Тие не смеат да се мешаат во процесот, а забелешките може да ги достават до ДИК.На посебен извод на Избирачкиот список, пак, ќе се стават 171.500 гласачи за кои се претпоставува дека подолг рок живеат во странство, но нивното гласачко право не е оспорено./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

