Македонија
ДИК прифати еден приговор на БЕСА, ќе се отвора една гласачка кутија
Државната изборна комисија прифати еден приговор од движењето БЕСА, кој се однесува на нерегуларност при гласањето во гласачко место во Гостивар, додека, пак, останатите седум преговори беа одбиени.
Според Беса, нерегуларноста настанала поради тоа што на местото на една жена од Гостивар, гласал некој друг, а во записникот стоело дека жената веќе гласала и затоа не било дозволено повторно да гласа.
Од ДИК се согласија да се повикаат претседателот и членовите на избирачкиот одбор и потоа да се утврди точно се случило на денот на изборите. Членовите на ДИК се согласија да се донесе гласачката кутија од избирачкото место и да се повика изборната комисија.
Инаку, во ДИК, во четврток се одржува јавна седница за разгледување на приговорите од Движење БЕСА и СДСМ, во однос на некои забележани нерегуларности во текот на изборниот процес, на изборите одржани во недела, на кои прелиминарно ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, СДСМ 49, ДУИ 10, Беса 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2 мандати./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

