Македонија
Судијата Иван Џолев реагира на поправената оценка на Владимир Панчевски
Судијата Иван Џолев, кој важи за главен претендент за претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во четвртокот поднел претставка до Судскиот совет на РМ.
Судијата Џолев реагира бидејќи токму Судакиот совет, на седница, наводно му ја поправил „тројката” којашто истиот Совет претходно му ја додели на кандидатот Владимир Панчевски. Џолев реагира дека Судскиот совет извршил преоценување со цел на Панчевски да му се поправи оценката и така да го одржи во трката за претседател на скопска „единица”.
Имено, Панчевски, кој за 2014 година имаше оценка 3, беше вонредно оценет со повисока оценка, но не за цела година, туку за период од само девет месеци, во 2015 година. На истата седница Судскиот совет му го зголемил и бројот на бодовите на Панчевски.
Со најновата реакција на Џолев, не само што се укажува на незаконско постапување, туку во исто време се намалуваат и шансите на Панчевски да добие уште еден претседателски мандат.
Судијата Панчевски изминатава година го следат серија скандали. Тој беше фатен како, преку лажни имиња, коментира на социјалните мрежи, како ја опструира работата на Специјалното јавно обвинителство, а влезе во отворена расправија со претседателката на Врховниот суд на РМ, Лидија Неделкова, со новинари и медиуми. Неговото име се вртеше по медиумите и поради неговата дивоградба во центарот на Скопје, но и поради петициите кои против него ги потпишуваа вработените во најголемиот суд во земјата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Груби: Од медиумите дознав за одлуката на Стејт департментот, секогаш посветено работев за членстовото на земјата во НАТО
„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот“ напиша поранешниот вицепремиер Артан Груби на социјалните мрежи во врска со одлуката на Стејт департмент на САД да го постави на црната листа.
Груби вели дека целиот свој јавен живот го посветил на одбраната на западните демократски вредности и секогаш посветено работел за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, поради што оваа одлука го засегала директно и лично.
„Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање“ вели Груби.
Тој додава дека танспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја негова акција.
Груби беше ставен на црната листа заедно со судијата од Апелациониот суд, Енвер Беџети поради корупција во врска со судски случај поврзан со Сашо Мијалков.
Македонија
Пожар во фирмата „Атлантик“ во Визбегово, горат два шлепери, постои опасност од проширување
Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово.
Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони. Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол, извести ЦУК.
За настаната состојба веднаш се известени БППЗ на Град Скопје и ЦИК на МВР.
Македонија
Поради вмешаност во корупција, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се на црната листа на САД
Стејт департментот назначи нови 14 лица во црната лица на САД, меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок партиски функционер член на ДУИ Артан Груби како и судијата Енвер Беџети, објави Стејт департментот.
Тие јавно се означени дека се вклучени во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, соопшти Стејт Департментот.
Оттаму додаваат дека означени се и членовите на најблиското семејство на Груби.
• Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби, стои во Стејт департментот.