Македонија
„Дива населба“ почна од почеток, обвинетите пак тврдат дека не се виновни
По еден месец одложување во понеделник почна од почеток судењето за судирот што се случи во Куманово минатата година. Судењето почна од почеток откако судијката ги спои двата обвинителни акти, обвинението за „Дива населба“ и обвинението за случајот „Молња“, односно за осуммината логистичари кои беа приведени пред неколку месеци.
Како и на претходното судење, и денеска сите обвинети ги отфрлија обвинувањата коишто им се ставаат на товар, односно негираа дека се терористи. „Не“, „Никогаш“, беа единствените одговори што можеа да се слушнат во судницата. Не се чувствуваат виновни ниту новите приведени од акцијата „Молња“.Обвинителот Наум Пановски кој на минатото судење зборуваше за тоа како обвинетите се инволвирани во нападот на Полициската станица Гошинце и во настаните во Куманово, го потврди тоа што го кажа на претходното рочиште и додаде дека ако се анализираат доказите, може да се констатира дека неспорно е дека голем дел од обвинетите се познавале од поодамна и имале континуирани контакти. Обвинетите биле идентификлувани со криминлаистичко вештачење, односно со совпаѓање на материјалните докази најдени на лице место. Според него, во текот на постапката Обвинителството ќе докаже дека обвинетите се виновни за делата за коишто се товарат. Во тек се воведни зборови на адвокатите на обвинетите кои најавуваат дека ќе докажат дека обвинетите не се виновни за тоа што им се става на товар.Адвокатот Шасивар Исеини, кој е бранител на неколкумина обвинети, смета дека Обвинителството не може да се повикува на вештачење што го направило Министерството за внатрешни работи, односно, според него, истиот орган што ги тужи обвинетите. Тој побара независна институција да направи верификција на прислушуваните разговори меѓу обвинетите коишто се сметаат за докази и да докаже дека се оригинални. Судењето за овој случај продолжи во големата сала во Врховниот суд којашто претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова не му ја даваше дна користење на Основниот суд Скопје 1. Тоа беше една од причините поради кои судењето се одложуваше еден месец. Најпрвин образложениеот на Врховниот суд беше дека салата се реновира, иако новинарите на денешното рочиште се уверија дека нема направено никакви поправки и реновирања на салата. Потоа Неделкова тврдеше дека салата е наменета само за свечености. Со решение на Владата, салата му беше доделена на Основниот суд Скопје 1 на користење, но и по решението на минатото рочиште не беа пуштени новинарите и адвокатите. Судењетo е во тек./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на планините врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.

