Македонија
Државниот врв им го честита 23. Октомври на граѓаните
Државниот врв им го честита на граѓаните 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Претседателот Ѓорге Иванов во својата честитка порача дека овој празник нè обединува во остварувањето на нашата мисија за создавање на просперитетна и европска Македонија.
„Овој ден е паметник за шестемина македонски патриоти кои се здружија со визијата за слободна Македонија, со што ја втемелија и ја осведочија желбата за независна држава која ќе ги сплоти сите под едно знаме, во една цела земја, под едно име – Република Македонија. Вечно ќе ги славиме и ќе се сеќаваме на хероите, Хаџи Николов, Поп Арсов, Груев, Татарчев, Димитров и Батанџиев. Патот до слободата што го започнаа шестемина родољуби, го продолжија илинденците и асномците остваруваjќи го вековниот стремеж за сопствена, суверена и демократска држава. Затоа, овој светол празник нè обединува и денеска во остварувањето на нашата мисија за создавање на просперитетна и европска Македонија“, се вели во честитката на Претседателот.
Празникот еден ден претходно го честиташе премиерот Никола Груевски.
„Овој ден ја симболизира истрајноста и пожртвуваноста на македонскиот народ, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност која ќе се преточи низ многу вековна борба и истрајност во создавање на сопствена држава“, пишува Груевски.
Претседателот на Собранието на Македонија, Трајко Вељаноски порача дека наша обврска и должност е да оддадеме достојна почит на успесите од минатото, но гледајќи решително, заедно и обединето кон иднината.
„Внатрешната македонска револуционерна организација ја определува вредноста на сe што е македонско. Застана на патот и беше решена како организација цврсто да ги брани македонските национални, културни, историски и цивилизациски придобивки, со длабоко врежано чувство на грижа за сите кои живеат на македонско тло, без разлика на вера и етничка припадност. Македонскиот непокор и вековната желба за слободна Македонија се вткаени во овие четири букви кои беа движечка сила за сите херојски подвизи. Во оваа прилика мораме да се потсетиме дека МАКЕДОНИЈА е зборот кој ги водеше борците за независна Македонија, и тој збор треба да не води и нас во денешните битки. Ние сме должни да го чуваме нашиот идентитет, јазик и култура, да сме обединети и да ги остваруваме нашите заеднички интереси“, напиша Вељаноски.
По повод празникот честитка испрати и Министерот за одбрана, Зоран Јолевски. „Припадниците на Армијата на Република Македонија се патриотите кои денеска стојат на браникот на современите вредности, не само за граѓаните на Република Македонија, туку на глобално ниво“, додаде тој. „На припадниците на Армијата на Република Македонија им порачувам да останат одлучни во чекорите кои ги превземаат и верни на мисијата која ја остваруваат“, порача Јолевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче обвинува дека власта удрила и по средните винарии
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава од Моклиште, Кавадраци, нагласи дека со новите критериуми за добивање субвенции владата директно ги оштетува средните винарии, а новите правила за субвенции одат во прилог на само неколку големи компании.
„Средните винарии имаат обврска да продадат, 30% од грозјето на најголемите една или две винарии, со цел да воопшто стигнат до субвенција. Сето ова оди во прилог на потребите на само една или две големи винарии. Лозарите, тие кои мака мачат на сонце на лозовите насади, малите винари, средните винари, сите се намерно оштетени, намалени им се парите или воопшто нема да можат да ги земат, што е една катастрофа за овој регион“, рече Филипче.
Тој додаде дека во новата Програма за субвенции во земјоделството и парите се скратени и условите за добивање субвенции се усложнети.
„Владата ја намалува и Програмата за субвенции во земјоделството во целост. Од 140 на 100 милиони евра. Значи за цела третина, помалку пари, кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, поледелството, овоштарството и нема да имаат овие земјоделци доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ“, рече Филипче.
Во изјавата Филипче нагласи дека лозарите не можат да очекуваат позитивни вести кога станува збор за поддршката од државата.
„За жал, сметам дека лозарите оваа година немаат да има добри вести во однос на тоа што значи поддршка од страна на владата за развој на овој сектор. Овој сектор земјоделството во мало го означува пристапот на оваа власт генерално во државата. Кражба, пљачка и незаинтересираност за луѓето.Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата“, рече Филипче.
Македонија
Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга
Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето на водата во градскиот водовод, која тој лично ја ангажирал.
Тој изјави дека Општината презема мерки за надминување на проблемот поради кој жителите веќе една недела не можат да ја користат водата, која од чешмите тече заматена и со темнокафеава боја, поради што е забранета за пиење и употреба.
Македонија
Јаневска: Јавната дебата за Законот за високо образование не е завршена
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека јавната дебата за Законот за високо образование сè уште не е завршена и дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите.
Одговарајќи на новинарско прашање на традиционалната прослава по повод празникот Свети Трифун на Опитното поле на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Јаневска рече дека сѐ уште не е завршена јавната дебата и најави дека од следната недела, по договор со универзитетите, Министерството ќе оди во нивна посета на јавна расправа.
– Сè уште не е завршена јавната дебата, сè уште очекуваме забелешки. Ние добиваме на ЕНЕР, добиваме и преку мејлот, но очекуваме и универзитетите официјално, на било кој пат, да ги достават своите интегрирани забелешки, бидејќи делот не се повторува. Сè што сметаме дека е разумно ќе биде прифатено. Сè што сметаме дека можеби ќе претставува проблем ќе биде дискутирано. Тоа значи средба на Министерството за образование и наука со сите професори кои ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе ги дискутираме спорните членови, и гледам дека во најголем број нема никакви забелешки. Спорни остануваат неколку членови за кои треба да се договориме и да дискутираме, рече Јаневска.
Вели Македонија веќе нема време за просечни и потпросечни резултати.
– Потенцирам, ние веќе немаме време да си играме со образование и наука. Немаме време за просечни и потпросечни резултати кои нè доведуваат во оваа ситуација. Мора да тргнеме напред. Министерството и законски и финансиски поддржува напредок, рече Јаневска.
На традиционалната прослава, претходно, Јаневска им го честиташе празникот на граѓаните, особено на земјоделците, лозарите и овоштарите, и изрази поддршка за Факултетот за земјоделски науки и храна.
– Ние, како Влада, ќе ги поддржуваме ваквите проекти и ваквата активност, бидејќи цениме дека немаме веќе време за просечни и потпросечни резултати, рече Јаневска.

