Македонија
Eдинствена Македонија: Бучковски е крајно сомнително лице за прашања од витално значење

Политичката партија Единствена Македонија најостро реагира и силно го осудува назначувањето на Владо Бучковски за специјален пратеник за Бугарија.
Во соопштението на партијата се наведува дека Бучковски е познат со своите антимакедонски ставови за односите со Бугарија.
„Бучковски двапати го пљачкаше буџетот, еднаш преку ‘Иснифарис Џемаили’ и вторпат преку набавката на т.н. тенковски делови за тенковите од Бугарија. Исто така, Бучковски носи вина за погибијата кај Карпалак како министер за одбрана, кој не презел одредени службени дејства, а кои бил должен да ги преземе бидејќи, дури 40 дена пред трагичниот настан, му беа доставени за натамошно постапување оперативни податоци дека на брдото кај Карпалак има вкопано група со прецизни податоци за нејзината локација, движење, воружување и бројност. Назначувањето на Бучковски како крајно сомнително лице за прашања од витално значење за националните и државните интереси во основа е длабок антимакедонски чин и тешко предавство со немерливи последици за Република Македонија.
За Единствена Македонија, нема дилема. Сè што ќе потпише Владата во Скопје, со кое на Бугарија ѝ се поклонуваат македонската нација, јазикот, историјата, како и откажувањето од Македонците во Пиринска Македонија, ќе биде поништено“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини без гужви

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време, попладне локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Од петок се очекува постепен пораст на температурата.
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Петровец, Илинден и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од општините Аеродром, Петровец, Илинден и Карпош.
Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 28.07.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – крак 49 ( општина Аеродром ) како и корисниците од селата Кожле, Летевци, Бадар, Горно Блаце, Катланово и Градманци. ( општина Петровец )
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците во село Мршевци, објектите на фирмите Фреш Фарм, Солар Ентра, Мијак, Си Мао и Солант, како и корисниците од селата Бунарџик и Ајватовци. ( општина Илинден )
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Нерешка. ( општина Карпош )