Македонија
Едмонд Темелко: Судот донесе правилна одлука
Истражната судијка донесе правилна одлука според сите околности. Судот покажа дека не е против Македонците во соседството и конкретно Македонците од Албанија, изјави за порталот Курир Едмонд Темелко кој во петокот по наредба на Специјалното јавно обвинителство на за материјалите од незаконски прислушуваните телефонски разговори беше приведен во Основниот суд Скопје 1 Скопје
Во изјавата за порталот, Едмонд Темелко, кој е градоначалник на општината Пустец во Албанија во којашто живее претежно македонско население, тврди дека во петокот не добил никаква уредна поката и бил приведен и однесен во Основен суд Скопје 1 Скопје пред Истражен судија по барање на Специјалното јавно обвинителство за некакви нерегуларности во изборите во 2013 година.
„Судот во матичната држава покажа дека не е против Македонците од соседството, конкретно против Македонците од Албанија, бидејќи ги разгледа реално обвиненија и не донесе одлука како што бараше СЈО – мерка притвор, туку донесе одлука да се бранам од слобода. Сево ова не е лошо само за мене како личност, туку за сите Македонци во Албанија, бидејќи една година наназад опозицијата во Македонија вината за нивните слаби рејтинзи и слаби резултати од изборите ја префрлаат на 430 жители на општина Пустец што имале македонско државјанство и лични карти“, вели Темелко.
Градоначалникот на Пустец јавно кажува и вели дека секој Македонец го споделува тоа дека сите жители во општина Пустец се од етничката група Македонци и законски им следува да имаат двојно државјанство, македонско државјанство и лични карти и не значи дека Македонец од оваа област немаат право да галсаат.
„Тоа е нивно право и ние како политичари овде во Република Албанија секогаш ги охрабруваме и поддржуваме за сите нивни права и во конкретниов нивни случај, нивното право да гласаат и во Република Македонија и во Република Албанија, бидејќи голем дел од овие жители одат на сезонски работи и во Македонија и овде во општина Пустец. Се надевам дека СЈО нема да уапси некој кој ќе дојде од Егејска Македонија, бидејќи знам има податоци и таму што има некој државјанство и лични карти или од Пиринска Макеодонија, бидејќи и тие и ние сме Македонци, колку и тие што се во Република Македонија, без разлика што судбината си поигра, некој да биде во соседството, а некој во матичната држава, вели Темелко.
Темелко додава дека неговото приведување било без судски налог и без никакви прописи и го потенцира лошото однесување на новоназначениот началник на битолската полиција.
„Без налог на Судот, без никакви прописи. Лошо однесување на началникот на полицијата од Битола, новиот што е ставен од опозицјата, се со цел да покаже некаква сила или да имам јас некаква реакција. Уште на почетокот им кажав дека ако мислат оти нешто ќе ме исплашат или ќе ме нетераат спортивно од тоа што е реално да кажам, нема да го добијат тоа. Потоа во Основниот суд сé беше се коректно, истражната судијка донесе правилна одлука според сите околности“, вели Едмонд Темелко во изјавата за Курир./крај/мф/сн
Извор: Курир
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

