Македонија
Екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје работат во Доброште
Екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје во сабота со луѓе и механизација работат на терен за санација на штетите од невремето во село Доброште, Општина Теарце.
Во четвртокот градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на Општина Теарце, Исен Асани го посетија Доброште каде остварија средба со жителите на ова село и направија увид во штетите направени од невремето. По средбата беа на терен за санирање на поголемите штетите создадени од големото невреме.
При посетата на терен беа утврдени приоритетните активности коишто треба да се спроведат, при што се заклучи треба да се помогне во расчистување на неколку оштетени куќи, како и на коритото на реката во с. Доброште.
Во активностите за санација на штетите Штабот за заштита и спасување на Град Скопје покрај со луѓе, од денес работи и со механизација, и тоа: едно возило бобкет, едно возило скип, два камиони (товарни возила) кипер и еден ФАП кипер.
Во справувањето на последиците од невремето во тетовскиот регион, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје активно се вклучи со повеќе од 100 луѓе, повеќе од 15 возила (возила, цистерни и противпожарни возила) и друг вид на механизација (пумпи за влечење на вода.) /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.