Македонија
Експертот на „Ериксон“ треба да одговори на клучни прашања
Експертот на шведската телекомуникациска компанија „Ериксон“ треба да одговори на клучните прашања кои броеви биле прислушувани во Македонија и дали имало судска наредба за следење на тие комуникации.
Специјалното јавно обвинителство не знае кога ќе дојде овој експерт и денеска велат дека не можат да кажат што точно треба да направи овој експерт, но велат дека тој треба да одговори на прашањето дали има траги во новиот систем за следење на комуникациите од она што се правело со старите системи.Старите системи за прислушување се уништени, а новиот систем официјално е во функција од март 2015 година. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во интервју за телевизија Телма рече дека во апаратите има трага од сѐ што е направено.„Секое влегување во системот остава трага, знаеме дека од 2008-2015 година сѐ што е направено во апаратите има трага“, рече Јанева.СЈО минатата недела со судска наредба влезе во просториите на Управата за безбедност и контраразузнавање за да прибере податоци од компјутерскиот систем.Од СЈО изјавија дека компјутерските податоци кои треба да се одземат ќе овозможат утврдување дали се вршени манипулации со системите или се бришени одредени податоци.Јанева минатата недела изјави дека со ова треба да се утврди кој и како прислушувал во Македонија. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

