Македонија
Електронска достава на документи од државните институции до Катастар
Органите на државната управа, судовите, единиците на локалната самоуправа и другите субјекти со пренесени јавни овластувања, сите исправи, по кои се врши запишување во Катастарот на недвижности, ќе ги доставуваат документите исклучиво по електронски пат до Катастарот.
„Најголема продобивка од ваквата комуникација ќе имаат граѓаните кои досега од шалтерот на една институција со прибавените документи се упатувааа на шалтерот на катастарот и губеа драгоцено време чекајки во ред. Отсега самите државни институции по службена должност ќе ги достават потребните документи за постапување до катастарот, додека катастарот по завршување на постапката, документите по електронски пат ќе ги достави до надлежната институција“, рече вицепремиерот Владимир Пешевски.Со измените на Законот за земјоделско земјиште, се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сите договори за закуп и плодоуживање на државно земјиште по електронски пат да ги доставува до катастарот. На тој начин граѓаните не ќе мораат договорите лично да ги доставуваат до катастерот, а органите на државна управа ќе ја зголемат меѓусебната координација и соработка, со што ќе се намали просторот за манипулации и злоупотреби.Директорот на Агенцијата за катастер на недвижности, Славче Трпески изјави дека со новите измени на Законот за катастер, се овозможува бесплатно користење на податоците од катастарот од страна на министерствата, судовите, обвинителствата и државното правобранителство. Со оваа мерка се очекува да се зголеми ефикасноста на овие органи во случаите од имотно-правната проблематика, бидејќи сите податоци преку електронскиот катастар 24 часа ќе бидат достапни до нив. Проектот за електронска достава на сите документи од страна на државните институции до Агенцијата на катастер на недвижности предвидува измени на вкупно 30 закони, од кои 19 се веќе донесени од страна на Собранието на Република Македонија, а дополнителни 11 се во владина процедура. Техничките услови за поврзување на институциите со Агенцијата за катастер на недвижности ги овозможува катастерот преку е-кат шалтерот, кој во моментов брои над 700 професионални корисници, а со поврзувањето на државните институции вклучени во овој проект бројот на корисници на е-кат шалтерот ќе се зголеми за дополнителни 200 корисници./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

