Македонија
„Фантомските“ гласачи остануваат во Избирачкиот список
Најмалку 30 пријави од граѓаните поврзани со изборни нерегуларности и притисоци, се регистрирани од кои најмногу за постоење фантомски гласачи во Избирачкиот список, односно непостоечки лица запишани во Избирачкиот список, соопштија во вторник, од граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ чиј правен тим работи на бесплатната СОС линија 0800 88 888 за пријава на изборни нерегуларности во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!
Тие велат дека по укажаната правна помош на граѓаните од нивна страна, забележале неспремност на надлежните институции за брзо евидентирање и отстранување на овие т.н. фантомски гласачи.
„Граѓаните кои имаа волја да помогнат во отстранувањето на фантомските гласачи од Избирачкиот список, што е неопходно за да придонесе во одржување на кредибилни парламентарни избори, беа изложени на постапка спротивна на одредбите од Изборниот законик. Моментално, Избирачкиот список е затворен. За пет дена ќе се одржат предвремените парламентарни избори. Нашиот заклучок е дека Избирачкиот список останува непрочистен од непостоечки гласачи, т.н. фантомски гласачи.
По затворањето на избирачкиот список повторно имавме јавувања од граѓани да евидентираме дека по случаите со фантомските гласачи кои биле пријавувани во ДИК, од страна на Државната изборна комисија не е постапено. Во последните 24 часа имаме пријави дека граѓани кои биле на Избирачкиот список, а тоа го провериле по завршувањето на Јавниот увид, сега при повторна проверка не се пронашле на Избирачкиот список објавен на интернет“, соопштија од иницијативата.
Правниците Маја Величкова и Кастриот Мемети од СОС тимот за пружање правна помош во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“, велат дека на бесплатната линија граѓаните можеле да добијат правна помош во случај на повреда на нивното избирачко право и на самиот ден на изборите.
Тие апелираа до надлежните институции да поднесат кривични пријави против Државната изборна комисија за злоупотреба на службена положба и овластување. Основата на кривичната одговорност на ДИК, според нив е во тоа што таа со своето несовесно работење и непостапување по барањата на граѓаните за бришење на непостоечките гласачи од Избирачкиот список, ќе придонесе во евентуалното остварување на гласачкото право на лица кои го немаат тоа право.
„Нашиот тим евидентираше пријави од вработени во државните органи кои пријавија големи притисоци до државната администрација и вработените во јавните институции од страна на политичките партии за присуство на митинзи. Од овие повици, она што можевме да го увидиме е дека постои голем страв од страна на јавувачите да се претставуваат со име и презиме поради веројатноста дека истото ќе го дознаат партиите, постои страв за понатамошно постапување од страна на јавувачите кои пријавуваат притисоци, односно не сакаат да покренуваат постапки против нивните претпоставени поради страв дека ќе следуваат реперкусии. Лица кои пријавуваат вакви притисоци најчесто се оние кои се со вработени со договор на определено време и не сакаат да покренуваат постапки поради страв дека договорот нема да им биде продолжен или дека нивни блиски членови со таков договор ќе бидат избркани од работа“, велат од „НИе одлучуваме.
Исто така, почнале јавувања од граѓани кои укажуваат на поткупување на гласачите. Јавувачите тврдат дека одредени групи се таргетирани од страна на политичките партии и им нудат пари за да гласаат за нивната партија. Поради страв дека ќе ги дознаат кои се и ќе трпат штетни последици за себе или своите блиски овие граѓани сакаа да останат анонимни и не сакаат да пријават во полиција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши и Бегај од Скопје порачаа: Заеднички кон ЕУ и подлабока регионална соработка
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнат и унапредат. На меѓународен план, двете држави имаат исти цели и интереси, а тоа се членството во Европската унија, меѓусебната поддршка како непосредни соседи и сојузници во НАТО и продлабочувањето на регионалната соработка.
Тој изрази очекување и надеж дека двете држави заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција, бидејќи тоа е многу важно не само за Северна Македонија и Албанија, туку и за останатите земји од регионот на Западен Балкан. Во функција на промоција на парламентарната дипломатија и градење на билатералните парламентарни односи, претседателот Гаши истакна дека одржува редовни контакти со колегите од Парламентот на Албанија и дека посетите на највисоко парламентарно ниво се одржуваат речиси секоја година.
Претседателот Бегај истакна дека Република Северна Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици и претставуваат пример за соработка во регионот. Тој посочи дека е унапредена соработката во многу сфери од заеднички интерес, што е во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните во двете држави. Останува определбата за уште поголема соработка, особено во економската сфера.
Двајцата соговорници ја потенцираа важноста и улогата на Македонците и Албанците кои живеат во двете земји и претставуваат мост за градење стабилни и пријателски односи. Патничкото, енергетското и железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот VIII ќе придонесе за уште поголема размена на луѓе, стоки и услуги, за што постои огромен потенцијал.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај се потпиша во Книгата на впечатоци и се обрати пред пратениците во Собранието.
Македонија
Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик
Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, ја потврди заложбата на Движењето во однос на неопходноста од суштински и системски измени на изборниот модел во Република Македонија.
„Заложбите на Движење ЗНАМ се за воведување на една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти, со што ќе се овозможи правична застапеност и на помалите политички субјекти и независните пратенички листи. Што всушност беше и барање во одлуката на Уставниот суд.“ – истакна Бендевска.
Дополнително, таа нагласи дека цврст став на Движењето е намалување на бројот на пратеници во законодавниот дом на 90, бројка што, како што посочи, ќе соодветствува на реалната големина на популацијата во државата.
„Го афирмирам односно реафирмирам ставот на Движење ЗНАМ за намалување на бројот на пратеници на 90 со што ќе се придонесе за рационализација на трошоците, материјални, финансиски и човечки и ќе значи значителна придобивка за Буџетот на државата. Воедно, ќе се добие пофункционално, поефикасно и поконсолидирано законодавно тело, кое ќе биде во служба на побрз, поквалитетен и посериозен законодавен процес.“ – потенцираше потпретседателката.
Во однос на гласањето на дијаспората, таа потсети дека воведувањето на ваквиот модел беше проследено со зголемување на бројот на пратеници на 123, што, како што нагласи, отвори низа прашања за финансиската оправданост и ефикасноста на изборниот процес во странство.
„Сведоци сме колку чини изборната постапка која подразбира испраќање избирачки одбори во дијаспората, при што бројот на гласачи во повеќе случаи не соодветствуваше со првичната намера и очекувањата.“ – изјави Бендевска.
ЗНАМ додава дека ќе продолжи да се залага за изборен модел што гарантира еднаква вредност на секој глас и институции што работат ефикасно, транспарентно и во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Македонија
Поради јазични бариери одложено продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, кажа Филков
Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.
,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат’’, рече Филков.
Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.

