Македонија
Fashion Group со нов бран попусти, што ќе ти го освежат викендот!
Не растат само температурите, туку и попустите во Fashion Group, затоа е време да ја прошириш твојата шопинг листа.
Од денеска можеш да го реализираш освежувањето на летниот плакар. Испланирај ја твојата прошетка низ продавниците на Fashion Group и пронајди го она што дополнително ќе ти го поправи расположението пред викендот!

Од каде да почнеш? Прочитај го во продолжение нашиот краток, но сигурни сме за многумина инспиративен, шопинг водич со попусти и почни да правиш план.
Потрагата по совршени летни модни додатоци може да започне во Parfois, каде те чекаат дополнителни -15% попуст на одредени производи на онлајн продавницатана Fashion Group! Надополни го летниот стајлинг со кул очила за сонце, шапки кои привлекуваат внимание или одбери ги најлесните модни парчиња за сезонава.

Оттаму продолжи во Women Secret и Geoxкаде добиваш уште -20% на веќе намалените производи – и во продавница и онлајн. Не пропуштај ја шансата да имаш удобна долна облека и летни пижами по фантастични цени! А во Geox ќе ги најдеш обувките во кои ниту едни високи температури нема да ти прават проблем. Чекорењето во лето никогаш не било полесно!

Целото семејство го очекуваат совршени летни комбинации со потпис на Mango со попуст до -50% на колекција пролет-лето ‘23, додека пак момците никако не смеат да ја заобиколат продавницата на Boss, каде можат да најдат одлични летни парчиња на -30% намалување. Ако немаш време да шеташ, можеш да ја направиш „прошетката“ и онлајн, бидејќи истите акции те чекаат и таму.

Не ги забораваме ниту најмалите, бидејќи и тие заслужуваат да имаат супер шопинг викендов! Во нивниот омилен бренд Okaidi, на веќе намалените цени има дополнителен -20% попуст, па можеби токму меѓу овие производи се наоѓа долго посакуваното фустанче или бермуди и маичка кои ќе предизвикаат широки насмевки!


И на крај – за вас кои можеби се прашувавте дали и outletпонудата ќе биде на попуст, да ве израдуваме – да, со дополнителни -20% попуст на онлајн производите!


Она што не смеете да го заборавите е тоа дека останува да важи акцијата до -50% намалување на парчињата од колекција пролет-лето ’23 на голем дел од брендовите на Fashion Group, но и cross sale промоцијата на Bitsiani и Dan John во чии рамки добивате -20% намалување за еден и -25% за два или повеќе купени производи.
Дури и да си на одмор, сите акции те чекаат и на нашата апликација.


Ако немаше планови викендов, еве ние ти помогнавме! Освежи се со овој шопинг бран и добро искористи ги деновите што доаѓаат!



(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

