Македонија
Формирана Анкетната за „фабриката за афери“, СДСМ не присуствуваше
Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски е избран за претседател на Анкетната комисија формирана во Собранието за расчитување на скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи, одлучија во понеделникот членовите на Комисијата за избори и именувања.
Потпретседател ќе биде Љупчо Димовски, исто така, од ВМРО-ДПМНЕ, а членови од владејачката партија ќе бидат Трајче Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев и Драган Данев.Претставници на владејачката ДУИ во оваа комисија ќе бидат Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од опозициска ДПА – Газменд Аљити, додека независен член ќе биде Солза Грчева.Во оваа комисија бројот на членови да биде ист како и во Анкетната комисија за преслушувањата, односно вкупно 16 члена, од кои осум од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен член.Сепак, пратениците од СДСМ не присуствува на седницата на Комисијата за избори и за именувања во понеделник, ниту, пак, предложија свои членови. Претседателот на Комисијата за избори и за именувања, Зоран Илиоски, рече дека кога ќе стигнат предлозите од СДСМ, тој ќе закаже седница на која ќе бидат додадени новите членови. Тој појасни и дека ако СДСМ поднесе барање за јавен пристап до информации, за документите, со дипломата и со работниот стаж на Силвана Бонева, во рок од 24 часа тие ќе им бидат дадени на увид. Илиоски рече дека претставници од СДСМ можат да дојдат кај него во канцеларија, каде што тој ќе им ги покаже документите./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

