Македонија
Градоначалникот Коце Трајановски во посета на поплавените места

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во недела посети поголем број на населени места кои беа погодени од големото невреме.
Заедно со Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и претставници на АРМ, го посетија населеното место Стајковци, кое е едно од најпогодените од саботното невреме. На терен беа и екипи на сите јавни претпријатија на Град Скопје, како и механизација од државните претпријатија и приватни компании.Подоцна градоначалникот Трајановски го посети населеното место Црешево, каде оствари средба со жителите и претставници на месната заедница. На оваа средба беа утврдени приоритетните потреби за расчистувањето и нормализирањето на состојбата во ова населено место.Подоцна, градоначалникот Трајановски, заедно со премиерот Емил Димитриев, вицепремиерот Арбер Адеми, министрите за внатрешни работи, труд и социјална политика, здравство, транспорт и врски, Митко Чавков, Диме Спасов, Никола Тодоров и Владо Мисајловски, како и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски ги посетија населените места Стајковци, Брњарци, како и ОУ „25 Мај“ каде се сместуваат дел од привремено раселените лица од регионите погодени од невремето.За време на посетата на времениот кризен пункт во Стајковци, лоциран во Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ се слушнаа забелешките и потребите на граѓаните, а се договараа и следните чекори во справување со состојбата, како доставата на вода за пиење на жителите на овие региони, насочување на механизацијата во најприоритетните локации, доставата за оброци и сместување на лицата кои имаат потреба за тоа, како и за доставата на поголем број на пумпи за отстранување на водата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: ДУИ за власт, подготвена да ја продаде Струга на Левица, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот договор што е постигнат помеѓу посредникот на Ахмети, Кренар Љога, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вклучувајќи ја и неговата генерална секретарка, Јована Мојсовска, не е ништо повеќе од тешко предавство на стружани“, велат од „Влен“.
„Сценариото е јасно: Мојсовска влегува како „изненадувачки“ кандидат во Струга, со мисија да ги собере гласовите на македонскиот блок наводно за да ја спречи победата во првиот круг на кандидатот поддржан од ВЛЕН, Менди Ќира. Ова е срамен план, оркестриран од Љога и ДУИ, кои отворено соработуваат со политички сили кои ги граделе своите кариери врз албанофобија.
Ова е најсилниот доказ дека ДУИ е подготвена да згази на сè само за да остане релевантна на сцената. За нив, моќта е поважна од достоинството на Албанците, сомнителните зделки со албанофобите вредат повеќе од иднината на стружани.
ВЛЕН остро го осудува овој валкан план и го повикува јавноста да не стане жртва на сценаријата оркестрирани во темни ходници. Прашањето е едноставно и останува неодговорено: за што се договориле Кренар Љога и Апасиев? Да ја продадат Струга? Да ги спречат промените? Да ја одржат во живот скапаната власт со корупција и криминал што владее во Струга во последните 20 години?
Но едно е сигурно: и покрај темните зделки, и покрај тајните и срамни договори, Менди Ќира ќе победи во Струга на 19 октомври. Волјата на граѓаните не се купува, не се заплашува и не се запира со валкани политички договори“, соопшти „Влен“.
Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)