Македонија
Груевски до Валс: Нападите во Париз се напади врз целото човештво
Во телеграмата со сочувство испратена до францускиот премиер Мануел Валс, по терористичките напади, македонскиот премиер Никола Груевски вели дека со згрозеност ја примил веста за терористичките напади на Париз, во кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на повредени.
„Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот француски народ, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување.
Мислите и молитвите на македонските граѓани се со францускиот народ.
Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Франција и со нашите сојузници во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме.
Нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. Тероризмот не смее и нема да победи.
Потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава. Во овие тешки мигови, уште еднаш примете ги изразите на моето искрено сочувство“, се вели во телеграмата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

