Македонија
Груевски: Не бев поканет да присуствувам на „Пуч“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој се јавува како сведок и како оштетен во случајот „Пуч“, рече дека не добил никаква покана да биде сведок на судско рочиште во средата за овој случај.
„Ниту сум знаел дека треба да се појавам денеска на суд, ниту, пак, некој ме известил. Еве, ако имаат некаква белешка слободно нека ја покажат во јавноста. Но, јасна е работата зошто се прави сето тоа. Јасно е дека се сака да се одолговлекува тој случај. Се бараат разни изговори, па дури се заплеткуваат и во сопствените изјави од типот наредниот пат дека ќе бидам повикан, другиот дека сум бил повикан, а не сум се одѕвал“, рече Груевски.Инаку, специјалната обвинителка Катица Јанева, побара од судот Груевски да присуствува на сите рочишта за овој случај, затоа што бил и сведок и оштетен, а судијката, пак, ѝ објасни дека тој ќе биде повикан, кога ќе се отвори главната расправа.Според Груевски, специјалната обвинителка Катица Јанева и лидерот на СДСМ многу добро знаеле дека тој не е повикан во судот.„Значи, уште еднаш ќе повторам. Ниту сум бил повикан, ниту имам покана, ниту воопшто сум знаел дека требало да бидам сведок денеска на рочиште. Тоа и госпоѓата Јанева и господинот Заев многу добро го знаат. Меѓутоа, очигледно е дека некому му требало изговор да се одложи рочиштето денеска и да купат уште еден месец. Мислам дека се купува време и тоа е стратегијата“, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање, по средби со граѓани при посетата на Општина Карпош. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој присуствуваше на судењето, кое беше одложено за мај, рече дека Груевски избегнува да дојде во судот. „Сведокот е единствен во овој предмет, се вика Никола Груевски и тој избегнува да се појави овде пред судот“, рече Заев./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.