Македонија
Груевски: Нема да дозволиме марионетки да ја втурнат Македонија во војна
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/grujosdgdgsdgdggd_1-1.jpg)
Ние во Владата, во државните институции со кои раководиме по волја на избирачите, нема да дозволиме марионетки да ја втурнат Република Македонија во граѓанска војна, ниту македонскопартиска, ниту меѓуетничка или меѓурелигиска.
Наша судбина е соживот и меѓусебна соработка, уважување и почит. На провокации сме имуни, на опасни дејства како закана сме подготвени, рече премиерот и претседател на ВМРОДПМНЕ Никола Груевски на денешниот партиски собир во Битола.
„Паралелно на тоа, нудат се и сешто на секого, на странците, на партиите на албанците во Македонија, на секој, кој може да направи нешто да им помогне некако… ..но, овие на кои им се нудат не само што не им помагаат така како што се очекува од нив, туку и ги понижуваат, им се смеат, дополнително ги посрамуваат. Ама овие нашиве очигледно немаат никаков срам, образ ѓон, како што викаат нашите. Па каков образ може да има човек кој свесно игра едно вакво сценарио“, рече Груевски.
Кога во раните деведесети СДСМ беше на власт, а грчките партии организираа милионски митинзи само за да ни порачаат дека Македонија била грчка, нагалси Груевски, народот во Македонија немаше шанса да даде одговор.
„Никој не го организираше или охрабруваше на соодветен масовен одговор. Влеговме во спор со Грција иако веќе речиси се суштинско ни беше одземено. Ни беше одреден дури и медијатор. Оттогаш до денес посредувањето како основа го има впечатокот што го стекна посредникот од тогашното третирање на македонскиот народ од страна на СДСМ. На една страна има грчки народ во полн капацитет, а на друга политичари на власт. Македонскиот народ го нема. Ова го кажувам како само еден пример, кој не треба да се става во никаков друг контекст, освен во контекст на односот на оваа партија кон значајните прашања за државата.Затоа нашата позиција меѓу другото вели, да, политичарите ќе разговраат, преговараат, прифаќаат, нудат, одбиваат,..нешто ќе им се виде добро, нешто лошо, некој без, некој под некакви притисоци, уцени,понуди или закани, ….се може да прават, но ако некој нешто усогласи, договори, вети, или прифти, неможе финалниот збор да го имаат политичарите, министрите, премиерот или претседателот, туку целиот народ кој преку реферндум ќе каже дали некоја идеја, предлог или решение е добро или не, и тоа, и само тоа може да е финалниот одговор на Република Македонија“, потенцираше Груевски.
Додаде дека Владата има свои грешки и не се срами да ги каже, но должна е да упати и на сите проекти, заложби и конкретни работи кои ги направи за Македонија и народот, работи кои се мерливи, кои допираат до граѓаните, нудат нова можност, поволност или барем нешто подобро.
Според Груевски, Зоран Заев и неговите следбеници залудно ќе чекаат трговија.
„Нема трговија. Ние може да разговараме и да водиме дијалог, но никогаш нема да учествуваме во сценарија кои имаат за цел да го премостат народот“ рече Груевски.
Осврнувајќи се на ткн афера „Пуч“, Груевски напомена дека нема да има простор за заташкување на скандалот кој СДСМ сама го конструира.
„Одговорноста со сите затезни камати за дестабилизирањето на земјата, за омаловажувањето на гласачката волја, за валкањето на угледот и на граѓаните и на државата, за лагите и оговарањата што ги пласираат во светот, ќе ја носат во секоја форма сите кои учествуваа во потфатот на рушење и дестабилизација на државата“, потенцира Груевски./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.